Контакт

Македонија

Ристоска: Последниот работен ден на СЈО е горчливo-сладок ден

Објавено пред

Обвинителката и портпаролка на специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска, синоќа на социјалните мрежи, по повод последниот рaботен ден на СЈО, моментот го опиша како горчиво-сладок.

„Горчлив е вкусот на разделбата и сите неостварени планови, но слатки се спомените за заеднички совладаните предизвици и споделената енергија. Денес се поздравивме со колегите од стручната и од административно-техничката служба и со истражителите. На вработените во СЈО денес им е последен работен ден и овие луѓе од денес остануваат без работа! Денес мојот стручен соработник ми вели: „Тажно е обвинителке, ко средна школа кога завршуваш, четири години сме заедно, што сè не делевме, имаше периоди koga почесто бев на работа од дома“. И така беше…

За мене СЈО беше симбол за борба за идеали, за правда, интегритет, подобра иднина, борба против злоупотреби на системот, на послабите, на зависните, борба против неказнивост. Начинот на кој згасна СЈО, начинот на кој никој не најде храброст изречно да каже дека се укинува институцијата, мислам дека не заслужува коментар, затоа што борбата за правда е вистинска само кога е плод на внатрешен порив за одговорност, првенствено лична, па потоа на сите кои грешеле пред законите, порив за нетолеранција на неказнивост, порив за принципелно и однесување со интегритет“, напиша Ристоска.

Македонија

Шекеринска изврши увид на дел од поплавените подрачја во Битола

Објавено пред

Заменик претседателката на СДСМ и заменик на претседателот на Владата, денес во Битола изврши увид на дел од поплавените подрачја по синоќешното невреме во Битола.

„Владата стои на располагање да помогне во оваа ситуација. Денеска имавме прилика да разговараме со еден дел од граѓаните, да им честитам што навистина брзо реагирале, и што еве и директорите не седеле некој друг да ја заврши работата туку биле на терен и помагале на граѓаните.Со природата навистина нема играње и овие екстремни промени во времето од многу врело до поројни дождови се карактеристика на климатските промени на кои ќе треба да се навикнуваме, да се прилагодуваме и нешто да сториме за да ги спречиме ваквите штети.

Очигледно е дека долгото неинвестирање во инфраструктура предизвикува последици и тие се провлекуваат години со ред и за 2,5 години не можат да се променат.Ова само покажува дека сме биле во право кога велиме дека парите мора да одат во модерна инфраструктура која постојано ќе се обновува и унапредува. Ние и во нашата програма презедовме обврска не само парите да одат кај граѓаните туку да одат во приоритетите“, изјави таа.

„Значи ‘не’ за музеи, споменици и жални врби, туку за инфраструктура која ќе прилега на 21 век. Апелирам до граѓаните да ги пријавуваат штетите, честитам на општината што брзо заживеа механизмот за пријава на штетите, само со ваква акција граѓаните ќе можат да добијат поддршка и од Општината и од Владата.Кога заедно работиме и кога работиме на приоритети резултати ќе има. Не преку ноќ и затоа бараме чист мандат за 4 години за многу од овие прашања да ги решиме од корен“, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Јанушев од Виница: За младите до 29 години нула проценти данок

Објавено пред

Носителот на изборната единица 3 од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев при посетата на Виница оствари средба со младите од овој град.

„По посетата на Зрновце продолжуваме со посета на Виница. Само што завршивме со посета на најмладите како што можете да видите поддршката во огромен број ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ и обновата која што доаѓа она што успеавме да порачаме на Заев, Љупчо Николовски и останатите од криминално рекетарската банда од Социјалдемократскиот сојуз се дека сте прочитана книга, веќе сите знаат дека заминувате секој еден граѓанин на Република Македонија застанува и се исправува за Македонија и за ‘Обновата’“, истакна Јанушев.

Тој порача дека младите треба да останат во Македонија и тука да ја градат својата иднина, а не да одат во странство пред се Италија. За тоа мора државата да се погрижи, да обезбеди подобри услови. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ‘Обнова’ ветува зголемување на платата од 25 проценти и нула проценти данок за малдите до 29 години.

„Земјоделците ќе добијат 640 милиони евра субвенции за 4 години, но тие ќе мора да бидат исплатувани навереме. Ве повикивам на 15-ти јули да излезете, да вимавате пред се и на вашето здравје и да заокружите број 14 за Обнова на Македонија“, повика Игор Јанушев.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Поддршка од германскиот министер за Европа, Михаил Рот за коалицијата „Можеме“

Објавено пред

Германскиот министер за Европа, Михаил Рот преку видео обраќање упати силна поддршка до Никола Димитров, носител на листата на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во изборната единица 1.

„Никола Димитров не е само успешен, тој е и мошне искусен министер за надворешни работи. Тој не е само посветен Европеец, туку е и близок и доверлив пријател. И се гордеам со тоа. Тој ги брани европските вредности во тешки времиња. Тој се повикува на надежта кај луѓето, а не на нивните стравови. Тој е одличен соговорник со прекрасна смисла за хумор. И секогаш можам да сметам на него. Затоа целосно ја поддржувам неговата кандидатура за Собранието на Северна Македонија.

Ве молам гласајте за него, гласајте за светлата иднина на Република Северна Македонија“, рече Михаил Рот, државен министер за Европа на актуелниот претседавач со Европската унија,Германија.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион49 минути

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион2 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава3 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет3 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт4 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија5 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ5 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија7 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија8 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ9 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа10 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет11 час

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет23 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија1 ден

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа1 ден

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија1 ден

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион1 ден

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија1 ден

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа1 ден

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт1 ден

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Досие