Македонија
(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува рочиштето за случајот „Рекет“, каде што обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и Јанева.
Судијката рече дека Јанева треба да одлучи дали ќе назначи нови бранители или да ѝ се доделат бранители по службена должност.
„Јас си имам бранители“, рече Јанева.
„Ова не може да оди до недоглед. Имаме лице што се наоѓа во притвор и со секое одложување се нарушуваат неговите права. Ќе ангажирате дополнителни бранители или да ви биде назначен адвокат по службена должност?“, рече судијката.
„Вие одлучете“, кусо одговори Јанева.
Судијката Васка Николовска-Масевска наредното судење го закажа за понеделник со тоа што, доколку не се појават адвокатите и тогаш, судот ќе донесе одлука како ќе тече судењето понатаму.
На денешното рочиште требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова, која и во понеделникот и денеска залудно се појави во судот. Стефанова е обвинителката од СЈО која го водеше случајот „Империја“, каде што еден од осомничените е бизнисменот Орце Камчев и сега оваа истрага е во рацете на Јавното обвинителство.
Стефанова преходно тврдеше дека ексшефицата на СЈО, Катица Јанева, без нејзино знаење носела одлуки за случајот „Империја“ велејќи дека барањето за издавање привремен пасош на Орце Камчев било одобрено без таа да дaде согласност. Дополнително, таа тврдеше дека обвинителката Јанева на состанок со обвинителите барала предметот „Империја“ да се затвори и никој да не оди во затвор
Името на Стефанова се споменуваше и во објавените снимки на италијанскиот „Ла Верита“. Па, така, кога гласот за кој се тврди дека е на Бојан Јовановски вели дека бизнисменот (Орце Камчев) „се плаши од Лиле“, специјалната обвинителка Јанева, според снимките, кажува: „Јас многу сум ангажирана, затоа не ја држам толку редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо“.
На досегашните рочишта за „Рекет“, меѓу другите, сведочеа бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана, обвинителката Елизабета Јосифовска, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизијата „1ТВ“ и други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Уапсен кичевец, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Утрово полицијата во Кичево го уапси Е.А. (48) оти со секира ги нападнал родителите и си го убил таткото.
„Околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите родители. Со возило на Итна медицинска помош двете лица се пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде У.А.(74), татко на сторителот, им подлегнал на повредите а Ф.А.(67), мајка на сторителот, е во неконтактибилна состојба. Е.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава“, извести Министерството за внатрешни работи.
Македонија
Секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци, обвини ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го обвини Социјадемократслиот сојуз (СДСМ) за партиски состаноци во училиште во Струмица.
„СДС продолжува да докажува како тие ја користат власта, онаму каде што останаа власт. СДС продолжува да докажува дека нема желба за промена, туку дека им одговара терминологијата – „како до сега”.
Во Струмица, каде што градоначалник е Костадин Костадинов, од редовите на СДС и близок човек на Заев, ја искористува општината за партиски цели.
Во општинско училиште во Струмица, партиските структури на СДС си одржуваат состаноци. На фотографии кои се веќе во јавноста, јасно се гледа дека училиштето е специјално отворено во доцните часови, за активисти на СДС да имаат состанок.
Ова е уште еден доказ за лошото владеење на СДС. Ниту сакаат, ниту имаат желба за промена. Ова е вистинското лице на СДС кое за жал ја упропасти државата во минатото.
СДС ја сака власта исклучиво за партиски цели“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна

Откако пред неколку недели, Венко демантираше дека имал златна виза во Дубаи, Филипче сега веќе си признава дека имал златна виза, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко прво рече дека нема виза, па Филипче рече дека имал виза. Венко рече дека визата му била обична како и на обичен граѓанин, па Филипче призна дека визата била златна. Венко рече дека златната виза не му била поврзана со Дубаи, па Филипче рече дека била за преговарање со болница. И Венко и Филипче, јавно треба да му одговорат на македонскиот народ. Како се добива златна виза за преговори? Зошто визата ја криел? Зошто нема ниту еден доказ за постоење на каква било приватна болница поврзана со него? Во кое својство преговарал – како министер, пратеник, партиски функционер или приватен бизнисмен? Доколку визата не е заради инвестиции, тогаш за што е? И што точно е ставено на „стенд бај“ – некоја болница или нечија совест?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додека македонското здравство тонеше, според ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче во Дубаи преговарал за „приватни’’ потреби.