Контакт

Крвав четврток

(Видео) Русковска: Груевски ја ставил во функција партијата за крвавиот четврток

Објавено пред

На прес-конференција за јавноста во Јавното обвинителство беа изнесени информации за истрагата за организаторите на насилствата од 27 април 2017 година.

dobivaj vesti na viber

Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, рече дека осомничените во истрагата ја ставиле во функција партијата за организација на насилствата од 27 април, со координација на активностите. Кординатори биле осомничените Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Организацијата подразбирала ангажирање луѓе од општинските организации на партијата.

Никола Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ во телевизиско интервју ги повикал граѓаните на протест и за таа цел ја ставил во функција партијата.

„Осомничениот како тогаш претседател на политичка партија ги повикал преку медиум граѓаните на протести и заедно со другите обвинети за таа цел ја ставиле во функција целата партиска структура на таа политичка партија. Имаме и пораки, дел се обезбедени, а за дел се уште се работи“, кажа Русковска.

Обвинителката рече дека до судот ќе биде доставено барање за екстрадиција за Никола Бошкоски, кој избега во Грција и очекува тој да биде екстрадиран во Македонија откако ќе заврши постапката, бидејќи амнестијата на претседателот Ѓорге Иванов не се однесува за ова кривично дело.

Во оваа истрага ќе биде опфатен и ексдиректорот на УБК, Валдимир Атанасовски, кој се наоѓа во притвор во Шуто Оризари. Државниот обвинител Љубомир Јовески на новинарско прашање дали Билјана Бришкоска-Бошковски, која обвинетите за крвавиот четврток ја посочија како координатор на активностите, била повикана на распит за овој случај, рече дека во оваа фаза осомничени се само пет лица, а доколку истрагата се прошири и се обезбедат докази, може да бидат опфатени и други лица.

На новинарско прашање зошто обвинителството првин ги гонеше извршителите, а не организаторите на 27 април, Јовески рече дека станува збор за сложена постапка, која уследила по ненавремено извршениот увид во Собранието што подразбира проблем во обезбедување на доказите, а се чекало и вештачењето на телефоните.

Во истрагата за организирањето на насилствата од крвавиот четврток се опфатени 6 лица: експремиерот Никола Груевски кој избега во Будимпешта, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, бегалецот Никола Бошкоски, претседавачот Трајко Вељаноски и ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски. Сите тие се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста според член 313 од Кривичниот законик и доколку биде покренато обвинение им се заканува казна затвор од најмалку 10 години.

Крвав четврток

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Објавено пред

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се дели на дел од обвинетите, тврдат дел од адвокатите, кои коментираат дека максималниот рок за нејзиното изготвување е 60 дена, а дека таа е готова по повеќе од 90 дена, најверојатно поради обемноста.

dobivaj vesti na viber

Рокот за жалба е 15 дена, што според некои од адвокатите е прекраток период за да се прочита, да се анализира и да се состави квалитетна жалба.

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за крвавиот четврток.Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е осуден на 18 години затвор. Началникот Митко Пешов, началникот Душко Лазаров и Горан Ѓошевски Леви, полициски службеник и дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски се осудени на 15 години затворска казна. Игор Дурловски е ослободен од обвинението.

Оливер Поповски, полициски службеник, е осуден на 13 години затворска казна, Оливер Радулов на 10 години, Мунир Пепиќ, вработен во Агенција за разузнавање е осуден на 15 години затвор.

Абдуљфета Алими, член на обезбедувањето на Собранието е осуден на 7 години, Младен Додевски на 12 години, Јане Ченто на 15 години затворска казна, Горанче Анѓеловски на казна затвор од 12 години, Игор Југ на 12 години. Влатко Трајковски е осуден на казна затвор од 15 години, Вилјам Михајловски е осуден на затворска казна од 14 години, Никола Митревски Кољо е осуден на 15 години и Александар Василевски-Нинџа е осуден на затворска казна од 8 години.

По донесувањето на Законот за амнестијата на Собранието, 15 лица во овој случај беа помилувани и за нив беше прекината постапката. Меѓу нив беа и пратениците што ги отворија собраниските врати за да влезе толпата во законодавниот дом – Сашо Василевски и Крсто Мукоски, како и тројца од водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски – Бетмен, режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Поднесено обвинение против Јанакиески, Вељаноски, Ристовски и Атанасовски за организирање на упадот во Собранието

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, експретседателот на Собрание Трајко Вељаноски, ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски осомничени дека се организатори на упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

dobivaj vesti na viber

На четворицата им се става на товар дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

За експремиерот Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта, и поранешениот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој е во бегство во Грција, постапката е запрена до нивно пронаоѓање.

„Наодите од истражната постапка укажуваат дека обвинетите на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада на Република Македонија, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство. За таа цел, обвинетите ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето За заедничка Македонија што кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Обвинетите, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието“, соопштија од Обвинителството.

Критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување насилство.

Во соопштението се наведува дека во седиште на политичка партија двајца од обвинетите континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети.

Во исто време, еден од осомничените, за кого постапката е прекината поради недостапност, со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот Жена борец донел огнено оружје и панцирни елеци наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Во текот на немирите еден од обвинетите, со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело и да не се откријат регистрираните дејствија од насилниот упад и насилството извршено внатре во Собранието, дал наредба на две веќе обвинети лица од мониторинг собата во Собранието на Република Македонија да ги извадат хард-дисковите од собраниските камери. Со сите овие усогласени и поврзани дејствија и активности обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, а притоа дел од пратениците и новинарите се здобиле со телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за продолжување на мерката куќен притвор за еден од обвинетите, додека за двајца обвинети предложи определената мерка притвор да биде заменета со мерка куќен притвор.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

(Видео) Заев за „крвавиот четврток“: На денешен ден си ја спасивме земјата од алчноста за власт

Објавено пред

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев денеска даде изјава по повод насилниот упад во Собранието, којшто се случи на денешен ден пред две години.

dobivaj vesti na viber

„Денешниот датум, 27 април е аларм кон што водат политиките на поделби и политиките на водење сметка само за лични интереси. На овој ден си ја спасивме земјата од злите намери на алчноста за власт. На овој ден, во домот на граѓаните ја одбранивме демократијата и застанавме на патот на автократијата“, рече Заев.

Тој истакна дека 27 април потсетува и на обврската, да не се дозволи никогаш да се повтори газењето врз човековите права и слободи.

„27 април потсетува на нашата одгворност крвта пролеана за да се запре злото, да ја замениме со граѓански глас кој повикува да одиме напред. Ова се времиња кога заедништвото и прогресот се единствената опција која и носи добро на нашата земја. Тоа треба да го потврдиме, со изразена силна граѓанска волја и свест дека нашиот единствен пат е напред“, рече Заев.

Првиот човек на Владата додаде дека народот секогаш носел исправни одлуки, а гласот на граѓаните е слушнат и е разбран.

„Сега е потребно секој да ја извади решителноста од себе и да постапи совесно, за доброто на своите деца и за добрата иднина на родната земја“, додаде Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ39 минути

Работник загина во „Железара“

Работник загина на работното место во кругот на фабриката „Железара“ во Скопје. Од МВР информираа дека при извршување работни задачи...

Македонија56 минути

Османи: Оптимист сум дека ќе обезбедиме мнозинство за Уставните измени

„Скрининг процесот со Европската Унија е во тек и се одвива со добра динамика врз основа на што ќе ги...

Македонија3 часа

Прашањата од матурата по англиски јазик се појавија на група на „Вибер“, од ДИЦ велат дека тестот не е пробиен, туку споделен

Матуранти, во група на апликацијата „Вибер“ си ги разменувале одговорите на матурскиот тест по англиски јазик. По информациите во јавноста,...

Македонија3 часа

Милошоски: Да не губиме време, СДСМ нека кажат кој од двата предлози го прифаќаат

Социјалдемократскиот сојуз треба да каже кои од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ за нив е прифатлив, во спротивно нема потреба од понатамошни...

Македонија4 часа

Гужви и нервоза оти е затворен влезот на Охрид; Пецаков: Ова што го правите нема смисла!

Поради изградба на автопатот, затворен е влезот на Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков реагира, негодувајќи дека тоа е случува на почетокот...

Македонија5 часа

Муареми ја тужи Русковска: Во емисии лажеше и ме клеветеше, ќе докажам

Ексдиректорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, поднел тужба против обвинителката Вилма Русковска која го гонеше, а вчера предметот беше затворен...

Свет7 часа

Како децата преживеаjа 40 дена во густата џунгла – биле од домородна заедница, го користеле знаењето на нивните предци

Неухранети и изедени од инсекти, ги пронашла војската четирите деца кои 40 дена живеле сами во џунгла по авионска несреќа...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Дали директорот на БЈБ влијаел врз случај каде се тепани припадници на полицијата

Дали директорот на Бирото за јавна безбедност влијаел врз случај каде се тепани припадници на Единицата за брзо распоредување? Вадени...

Свет8 часа

(Видео) По 40 дена во џунгла најдени се живи четирите деца од авионската несреќа во Колумбија

Четири деца во Колумбија се пронајдени живи на југот на земјата повеќе од пет недели откако авионот со кој патуваа...

Свет8 часа

Бајден ги носи кутиите со доверливи документи насекаде, рече Трамп и за обвинителот кажа дека е психопат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави фотографија од обвинителот Џек Смит на својата социјална мрежа „Вистина“, додека ги читаше обвинувањата...

Свет8 часа

Доверливите документи за нуклеарната програма на САД, Трамп ги чувал во купатило

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, републиканскиот кандидат за реизбор следната година, е обвинет по 37 точки од обвинението за незаконско...

Македонија19 часа

Работна група на СДСМ ќе ги продолжи разговорите со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

ЦО на СДСМ оцени дека е добро што на средбата со опозициската ВМРО-ДПМНЕ е воспоставен дијалог во исклучително важен момент...

Македонија21 час

(Видео) Ковачевски за барањата на ВМРО-ДПМНЕ: Се надевам дека секој ќе остане на својот кажан збор

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски изјави дека по лидерската средба одржуваат состаноци на ИО и на ЦО на кои партијата...

Македонија22 часа

Муареми по отфрлањето на кривичната: Предметот беше за дискредитација, им беше во прилог на криминални структури

Ексдиректорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, затворањето на предметот против него го смета за правда која ја очекувал....

Македонија1 ден

Арафат Муареми прогласен за невин, претресот на Русковска бил залуден и не донел докази, тврди Обвинителството

Постапувајќи по двете кривични пријави против поранешниот директор на Управата за финансиска полиција и вработени службеници во Управата за финансиска...

Македонија1 ден

(Видео) Штипјанец шета со оружје и стрела животни, друг влече куче врзано на автомобил – се бара итна истрага против насилниците

„Анима мунди“ објави вознемирувачки видеа од двајца мажи од Штип и Виница, кои малтретираат животни. Додека штипјанецот среде бел ден...

Македонија1 ден

Загина жената што се преврте со автомобил во тунелот кај Демир Капија

Почина жената која била возач на автомобилот што се преврте во тунелот кај Демир Капија. Таа имала 47 години и...

Македонија1 ден

Меџити појаснува за лекувањето на Косовците: Ова и порано функционирало, граѓаните со здравствено нема да се подредени

Во врска со ценовникот за давање здравствени услуги на странци, Министерството за здравство информира дека до сите универзитетски клиники и...

Македонија1 ден

Слупчане не попушта, во Арачиново денеска се завршува постапувањето на ЕВН за кражбите на струја да паднат на 10 отсто

Во кумановско Слупчане колективниот отпор за влез на екипите од ЕВН во селото трае, а за компанијата, Арачиново е успешна...

Регион1 ден

Предлогот на Рама за формирање ЗСО во Косово стигна до германската влада

Нацрт-предлогот за статутот на заедницата на српските општини на албанскиот премиер Еди Рама стигна до германската влада, е потврдено за...