Македонија
Руското МНР: НАТО и ЕУ брзаат да го внесат Скопје во алијансата независно од ставот на населението
Поддршката за резултатите од референдумот во Македонија од страна на Европската Унија и НАТО говори за желбата да се обезбеди забрзан влез на Скопје во алијансата независно од ставот на населението, велат од Министерството за надворешни работи на Русија, пренесува „РИА новости“.
„Одѕивот од 36,8 проценти не дозволува да се признае референдумот за легитимен и недвосмислено сведочи дека македонските избирачи одлучија да бојкотораат однадвор грубо наметнати решенија во Скопје и Атина. Водечки политичари од земјите членки на НАТО и ЕУ непосредно учествуваа во пропагандната кампања и без да се срамат се мешаа во внатрешните работи на оваа балканска земја“, се вели во коментарот на руското МНР.
Русија смета дека иако дветретини од македонското население не го поддржале договорот од Преспа, резултатите од гласањето веднаш биле поздравени од страна на раководството на ЕУ и НАТО, како и од страна на Вашингтон.
„Постои стремеж да се осигура дека Скопје бргу ќе биде внесено во НАТО, без да се земе предвид мислењето на македонскиот народ. Нашата позиција останува непроменета: долгорочно решение може да се пронајде само од самите земји, без мешање однадвор и исклучиво во рамките на правната област со широка јавна поддршка. Преспанскиот договор не ги исполнува овие критериуми“, велат од Министерството.
Во соопштението на руското МНР се додава дека договорот е спротивен на меѓународното право и македонскиот Устав.
„Русија како постојана членка на Советот за безбедност на ОН внимателно го следи развојот на ситуацијата. Поагајќи од точката 3 од Резолуцијата 845 на Советот за безбедност на ОН, резултатите од преговорите меѓу Скопје и Атина треба да бидат разгледани во СБ на ОН“, констатира руското МНР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

