Македонија
Рeкордни 1.406 новозаразени во Македонија, починаа 21 лице
Во последните 24 часа се направени 3.398 тестирања, а регистрирани се 1.406 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-627, Куманово-73, Дебар-1, Штип-37, Прилеп-98, Тетово-72, Струга-17, Велес-55, Битола-51, Охрид-57, Кавадарци-40, Гостивар-84, Гевгелија-11, Струмица-30, Крива Паланка-10, Радовиш-9, Крушево-8, Кочани-34, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-8, Виница-20, Делчево-6, Кратово-2, Свети Николе-11, Кичево-10, Ресен-13, Неготино-11.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 937 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-398, Куманово-50, Дебар-8, Штип-21, Прилеп-28, Тетово-41, Струга-18, Велес-38, Битола-28, Охрид-44, Кавадарци-29, Гостивар-23, Гевгелија-12, Струмица-59, Крива Паланка-8, Радовиш-9, Крушево-2, Кочани-19, Пробиштип-8, Демир Хисар-6, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-9, Виница-8, Делчево-17, Кратово-2, Свети Николе-15, Кичево-18, Ресен-4, Неготино-10.
Починати се 21 лице – шест пациенти од Скопје (77, 64, 74, 81, 73 и 74), тројца од Штип (84, 70 и 62), тројца од Прилеп (51, 40 и 55), еден пациент од Струга (64), четири од Битола (77, 77, 79 и 74), еден од Гостивар (72), еден од Радовиш (70), еден од Македонски Брод (66) и еден пациент од Берово (85). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 50.015, бројката на оздравени пациенти е 29.583, на починати е 1.397, а бројот на активни случаи изнесува 19.035. Денеска се евидентираат четири контролни теста од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи. во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 21.984, активни 9.059
• Куманово 3.231, активни 925
• Дебар 420, активни 89
• Штип 2.250, активни 493
• Прилеп 2.325, активни 959
• Тетово 3.295, активни 1024
• Струга 1.146, активни 318
• Велес 1.551, активни 769
• Битола 1.489, активни 738
• Охрид 1.255, активни 536
• Кавадарци 950, активни 414
• Гостивар 1.894, активни 638
• Гевгелија 594, активни 215 (34 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 108 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.420, активни 580
• Крива Паланка 355, активни 112
• Радовиш 359, активни 121
• Крушево 82, активни 49
• Кочани 1068, активни 313
• Пробиштип 300, активни 79
• Демир Хисар 154, активни 63
• Македонски Брод 133, активни 27
• Пехчево 88, активни 26
• Берово 287, активни 68
• Валандово 151, активни 44
• Виница 311, активни 149
• Делчево 363, активни 161 (91 лице од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 130, активни 72
• Свети Николе 686, активни 200
• Кичево 991, активни 410
• Ресен 365, активни 137
• Неготино 388, активни 247 (36 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 3.398 теста се преку: ИЈЗ – 1194, ЦЈЗ Скопје – 101, „Авицена“ – 400, „Биотек“ – 287, МАНУ – 305, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 229, „Систина“ со PCR-метода – 257, лабораторија „Лаор“ – 41, Судска медицина – 11, ЦЈЗ Битола – 65, Инфективна клиника – 5, ГАК – 0, „Синлаб“ – 51, „Ремедика“ – 21, лабораторија во болницата во Козле – 19, ЈЗУ (рапид-тест) – 409, УК Пулмологија со алергологија – 3, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 300.200 тестирања на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 565
• Гази Баба – 1.323
• Аеродром -1.318
• Карпош – 1.160
• Центар – 1.105
• Кисела Вода – 1.109
• Ѓорче Петров – 742
• Бутел – 477
• Шуто Оризари – 153
• Студеничани – 41
• Сарај – 129
• Арачиново – 32
• Илинден – 226
• Сопиште – 61
• Чучер Сандево – 101
• Петровец – 111
• Зелениково -60
• Странец – 160
• Нераспределен – 184
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес во Македонија со јачина од 3,1 степен
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 12 часот и 09 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа на132 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточниот дел на државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Новиот Централен одбор на СДСМ вечерва ќе ги избира членовите на раководството
Новиот Централен одбор (ЦО) на СДСМ вечерва ќе ја одржи својата прва седница на која се очекува да бидат назначени и останатите партиски органи.
Централниот одбор беше избран викендов, а го сочинуваат 115 членови, за кои претседателот на партијата, Венко Филипче, рече дека се поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат членството и ќе работат во најдобар интерес на сите граѓани.
Се очекува ЦО да избере нов Извршен одбор (ИО), по што ќе следува и избор на потпретседатели, генерален секретар и двајца организациски секретари.
На партискиот конгрес викендов за заменичка на Филипче беше избрана Фани Каранфилова-Пановска – активистка и поранешна претседателка на фондацијата Отворено општество.
Каранфилова-Пановска дојде на местото на Сања Лукаревска, која си поднесе оставка по изборниот пораз на СДСМ.
Македонија
Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември
Во буџетот има пари за зголемување на минималната плата и во декември, како што бара Синдикатот, покрај законското зголемување од 2.000 денари во март следната година. Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека сака минималната плата да се зголеми на 600 евра, но треба договор и законски измени и за барањето на Синдикатот минималната плата да биде 450 евра.
„Ако во рамките на Економско-социјалниот совет договориме да се зголеми минималната плата, претходно треба да се смени Законот за минималната плата. Кога ќе се направат измените, може да се зголеми минималната плата на 450 евра. Има политичка волја. Што се однесува до мене, јас сакам минималната плата да биде 600 евра“, рече министерот Дурмиши денес одговарајќи на новинарски прашања на конференцијата „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“.
Дали минималната плата може да се покачи на 450 евра Економско-социјалниот совет ќе одлучува на седница во декември. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, вели дека аргументите се на нивна страна.
„Дијалогот во однос на минималната плата е отворен. Аргументите се на наша страна. Ако знаете дека во Црна Гора минималната плата е веќе 800 евра, ако знаете дека минималната плата во Босна од 1 јануари ќе биде 600 евра, ако знаете дека во Србија е 454 евра, мислам дека синдикалната минимална кошничка, која изнесува 62.000 денари, покажува дека платите мора да се зголемат. Разговараме во однос на ова прашање поврзано и со мерките на Владата за ограничување на маржите на производите и мислам дека на наредната седница на Економско-социјалниот совет ќе ги презентираме нашите аргументи со кои располагаме за да ги убедиме бидејќи мораме да се убедуваме за потребата од растот на сите плати, вклучително и растот на минималната плата“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.
Тој потсети дека што побргу мора да се направи исчекор за раст на платите и очекува Владата на ист начин како што ги покачи платите во образованието и здравството, ќе успее до крајот на годината да ја исправи неправдата за сите работници што не добија усогласување на платите оваа година поради изборите.