Македонија
Сашо Тасевски е новиот директор на БЈБ

Владата на денешната седница донесе одлука Сашо Тасевски да биде назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност.
Тасевски е магистер по безбедност и докторанд на Факултетот за безбедност. Во МВР работи од 2001 година, а од пред неколку месеци е раководител на Управата за обезбедување личности и објекти на МВР. Претходно работел и како обезбедување на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, како и кај Оливер Спасовски во периодот кога тој беше технички министер за внатрешни работи.
Во јавноста стана познат по настаните во Собранието на 27 април, каде што како дел од обезбедувањето на Спасовски, според многумина, е меѓу клучните што спречиле поголемо крвопролевање.
Новиот директор доаѓа на местото на Лазе Велковски, кој беше разрешен од функцијата по скандалот со службениот џип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР: Лажни се дојавите за бомби во училиштата

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 38 основни и 9 средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
„ Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“ велат од МВР.
Македонија
Автомобил удри во пешак кај Цементара, со Брза помош е пренесен во болница

Автомобил марка „мерцедес“ удри во пешак вечерва на булеварот „Борис Трајковски“.
Несреќата се случила во близина на Цементара. Сведоци на настанот посочуваат дека лицето кое било удрено е пренесено во болница со Брза помош. Засега неговата здравствена состојба не е позната, ниту видот на повредите.
Лентата на која се случила несреќата е затворена за сообраќај, а на терен е излезена и полиција. Се чека и увидна екипа која ќе треба да ги утврди причините за несреќата.
Од МВР, детали за случајот најавија по завршување на увдот.
Македонија
Гази Баба доделува 500.000 денари за помош на Турција и Сирија

Советот на општина Гази Баба донесе одлука за определување на финансиска помош за настраданото население во Турција и Сирија.
„ Попладнево се оддржа седница на Советот на општина Гази Баба на која на мој предлог, едногласно Советот донесе Одлука за определување на финансиска помош во висина од 500.000 денари за настраданото население во Турција и Сирија.
И благодарам на претседателката на Советот Дијана Илиевска за итното прифаќање на моето барање и свикување на седницата за краток рок.
На почетокот на седницата со едноминутно молчење оддадовме почит на загинатите во земјотресот.
Гази Баба ќе продолжи да помага! – напиша Стефковски.