Македонија
Светската организација за здравствена заштита на животните ќе обезбеди експертска помош за справување со болеста африканска чума кај свињите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/woah-ahv-final-1.jpg)
Итно обезбедување на експертска група и помош во справувањето со болеста африканска чума кај свињите во Република Северна Македонија, договорија на денешниот работен состанок во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), првиот човек на АХВ Николче Бабовски и д-р Будимир Плавшиќ, директор на Канцеларијата за Европа на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH). На состанокот беше разгледана актуелната состојба со здравствената заштита на животните во земјава, со акцент на состојбата со болеста африканската чума со која се бори земјава, а се дискутираше и за прашања кои се однесуваат на благосостојбата на животните.
Првите луѓе на АХВ и WOAH за Европа договорија да се интензивира и унапреди досегашната соработка на АХВ и Светската организација за здравствена заштита на животните – WOAH со нови активности, кои ќе бидат во насока на постигнување оптимални резултати во областа на здравствената заштита кај луѓето, животните, растенијата и нивната заедничка средина, како основа за реализирање на глобално дефинираниот концепт „Едно здравје”.
Д-р Плавшиќ позитивно ја оцени работата на АХВ во однос на посветеноста и спроведувањето на проектите и активностите кои се однесуваат на здравствената заштита и благосостојбата на животните. Тој изјази пофални зборови за оценката на Европската комисија во последниот Извештај за напредокот на земјава во евроинтеграциските процеси за Поглавјето 12 чиј носител е АХВ, а со кој на Агенцијата за храна и ветеринарство и е дадена висока оцена за постигнатото ниво на подготвеност, со што ја вброи меѓу институциите во државава кои добија највисока оцена за евро напредокот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.