Македонија
Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/РСБСП-Светски-ден-на-жртви-19.11.2023.jpg)
Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди се одбележува од 1993 год., а во 2005 година ООН го прогласи за светски ден кој се одбележува секогаш во недела во третата седмица од месецот ноември.
Оваа година на 19 ноември бројни релевантни институции и организации од целиот свет се ангажираат за да се потсети јавноста на милионите лица кои загинале или биле повредени во сообраќајни незгоди, да им се даде помен, но и за да се подигне свеста кај учесниците во сообраќајот за последиците од сообраќајните незгоди со цел да се намали бројот на загинати и повредени.
Овој ден е посветен и на членовите на семејствата на загинатите и повредените во сообраќајни незгоди, како и на сите оние кои се соочуваат со физички или психички последици од сообраќајни незгоди, а признание им се оддава и на службите за итна медицинска помош, противпожарните единици и сиот медицински персонал, но и на сите општествени чинители кои пружаат помош на повредените и на семејствата на загинатите и повредените лица.
Годишно, во светот, околу 1,35 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони лица се здобиваат со повреди. Во Република Северна Македонија, минатата година, 124 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди, а 3834 биле повредени. Според податоците за 2023 год., до месец август бројот на загинати во сообраќајни незгоди изнесува 85, додека бројот на повредени лица изнесува 2805 што е значително помалку во споредба со последните четири години. Сепак, според светската визија за нула жртви во сообраќајот, сите заеднички треба да преземаме суштински активности за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.
Затоа од РСБСП упатува апел: „Возете одговорно и безбедно и дадете свој придонес за намалување на сообраќајните незгоди, со што ќе се намали и бројот на загинати и повредени лица! Стоп за смртта на патиштата!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.