Македонија
СДСМ: Антинародната ВМРО-ДПМНЕ бега од избори, а бара широка влада
СДСМ се огласи со реакција по изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој ги обвини Заев, Филипче и Димитров дека се виновни за економската ситуација, надворешнополитичката ситуација, блокадата од ЕУ и здравствената криза во земјата.
Од СДСМ велат дека со своите постапки, ВМРО-ДПМНЕ, предводена од, како што го нарекуваат, губитникот Христијан Мицкоски, веќе никој не може да ја сфати како сериозна.
„Нивните обиди за театралност не може да ја надоместат празнотијата во која е западната опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ е единствената опозиција во светот што бара оставки, а бега од избори, затоа што има уплав од соочување со граѓаните.
Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ изгубија парламентарни, локални, претседателски избори, бојкотираа референдум, сега бегаат од локални избори во Штип и згора на се бараат широка влада. Без никаков легитимитет, без мандат од граѓаните, бараат да бидат дал од власта.
А во меѓувреме ја саботираат борбата на здравствените власти со Ковид-19, ја саботираат дипломатската стратегија за преговори со ЕУ, ја саботираат економската стратегија за справување со последиците од пандемијата и постојано се на погрешната страна!
Секојдневно се докажува дека ВМРО-ДПМНЕ е антинародна, антидржавна партија. Партија што ги злоупотребува смртта и тагата на граѓаните за партиски интереси за да го штити криминалот на своите функционери. Со такво однесување уште долго остануваат во опозиција“, се вели во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

