Македонија
СДСМ: Владата за 10 месеци ги санираше штетите од криминалото владеење на ВМРО-ДПМНЕ
Не постои поголем степен на криминал, корупција, партизација и злоупотреби на државните институции од оние што се случуваа за време на 11-годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат денеска од владејачката партија СДСМ на прес-конференцијата на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги партизираше институциите, ги задолжуваше граѓаните и државата, ја изолира и зароби Република Македонија и затоа лицемерно е денес како опозиција да глуми загриженост за состојбата во државата. За 10 месеци од формирањето, Владата предводена од СДСМ успеа да ги санира наследените штети од криминалото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, да ја стабилизира економијата и да ја врати и зајакне регионалната и меѓународна позиција на Македонија“, стои во соопштението на СДСМ.
Оттаму додаваат дека времето на криминално и расипничко трошење на буџетските пари, времето на притисoци врз институции и граѓани заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
„Владата предводена од СДСМ преку успешните економски политики обезбеди повисоки плати и пензии и повисок животен стандард за сите, а преку започнатиот реформскиот процес, институциите се ослободуваат и професионализираат и работат во интерес на граѓаните. Целокупната инфраструктура се подобрува преку започнатиот инвестициски циклус вреден 270 милиони евра, а сериозно се инвестира и во здравството, одбраната, културата, образованието“, се наведува во партиското соопштение.
Од владејачката партија истакнуваат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да учи од овие лекции за да се надмине себеси и да даде поддршка на реформскиот процес што е во интерес на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

