Македонија
СДСМ: Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ги разочараa земјоделците и ги оставиja сами

Во изминативе 8 месеци Владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ги разочара земјоделците и ги остави сами, велат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека Трипуновски покажа како може да се блокира откупот на ориз кој како никогаш досега остана неоткупен со одземање на лиценци за откуп на фирмите.
„Излажа дека ќе воведе мерка која ќе се однесува на откупувачите и за 1.000 кг откупена и извезена оризова арпа откупувачите ќе добијат 6.000 денари. Досега нема таква мерка. Покажа како се блокираат законите во собранието а преку измените во овие закони за земјоделство ќе се овозможеше поголема финансиска поддршка на земјоделските задруги. Високите цени во лозарството се заслуга на СДСМ, со донесениот нов закон за виното. Факт е дека сите програми и политики кои ги критикуваа ДПМНЕ и Трипуновски како опозиција додека денес полни им се устите како нивно достигнување. Тоа земјоделците најдобро го знаат. ДПМНЕ зборува за развој на сточарството а ги намали субвениите кај кравите од 12.000 дена по крава на само 8.000 денари. Со ДПМНЕ на земјоделците им е само полошо. Едно е јасно а тоа дека ДПМНЕ ниту знае ниту има развојна програма за развој на земјоделството“, се вели во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информира УХРМ.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, особено во деновите од викендот.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп

Сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп од ноќеска, во 01:20 часот е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно од АМСМ информираа дека поради товарно моторно возило сообраќајот беше попречен и се одвиваше по стариот пат низ село Росоман.
Македонија
Сообраќајот на патот Градско – Прилеп во прекин

Поради случена сообраќајна незгода, патот Градско – Прилеп е во целосен прекин, информира АМСМ.
„Поради товарно моторно возило сообраќајот е попречен на експресниот пат Градско према Прилеп (односно према село Дреново), сообраќајот е во целосен прекин и се одвива по стариот пат низ село Росоман“, велат од АМСМ.