Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го штити обезбедувачот пиштолџија на Африм Гаши
Според информациите кои ги има СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ се обидува по секоја цена да го заштити членот на обезбедувањето на Гаши кој предизивика инцидент на аеродромот при посетата на косовската претседателка, Вјоса Османи.
СДСМ во соопштението истакнуваат членот на обезбедувањето на Гаши тешко ги прекршил своите овласувања за што треба да биде прво итно суспендиран, а понатаму и кривично гонет.
„Фактите околу неговата улога во инцидентот во детали ги има МВР и внатрешна контрола и тие недвосмислено упатуваат на суспенција и судска постапка против него. Сега прашањето е зошто чекаат да го суспендираат, а понатаму и процесираат? Дали повторно ВМРО-ДПМНЕ коленичи пред коалицискиот партнер и се обидува да ги заштити?
Мицкоски имаше полна уста навреди како СДСМ биле потчинети во Владата, а неговата партија буквално замижува пред неколку сериозно испади и инциденти на коалицискиот партнер.
Ги повикуваме Тошковски и Мицкоски да се одважат и во следните 24 часа да постапат согласно наодите во спротивно во целост ќе го објавиме случајот. Повеќе од јасно е дека се обидуваат да ги скријат фактите и да го заштитат обезбедувачот на Гаши, ова е недозволиво и спротивно на сите ветувања на Мицкоски во предизборието во кои ветуваше неселективно спроведување на законите“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општините Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:-
– Во период од 10,00 до 11,30 часот улицата Исаија Мажовски бр.26 во општина Ѓорче Петров;
– Од 12,00 до 14,00 часот дел од корисниците на улицата Франц Розман општина Карпош.
Македонија
„Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложува во тебе е злосторство и треба да одговараш“, рече Димитриевски
Денеска како човек но и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го честитав денот на албанското знаме а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на советот беше подржан овој настан како и многу други во Куманово кои ги негуваат правата на етничките заедници, вели Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово и лидер на ЗНАМ.
„За жал тоа што денеска го видовме на многу места по државата па и во мое Куманово особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и Македонско знаме е за секаква осуда.
– Јавно ги осудувам ваквите настани и барам од институциите на прогонот да истите вакви поединци и групи ги открие и изведе пред лицето на правдата и истите да бидат санкционирани според закон. Истото го очекувам и за мои колеги градоначалници на кои оваа не им е прв пат да го кршат законот без да поднесат одговорност.
Исто така очекувам јавна осуда на ваквите настани од сите парламентарни и вонпарламентарни партии во Македонија како и сите представници на меѓународната заедница.
– По оваа денеска на тест е нашиот мултиетнички капацитет, дали е тоа искрена желба или пак само фарса?
– Јас сум за реално мултиетничко општество во кое што сите взаемно ќе се почитуваме со еднакви права и обврски и сите еднакво одговорни пред закон.
Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложува во тебе е злосторство против истата и треба да одговараш“, вели Димитриевски.
Македонија
СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме
СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на огнено оружје што се случија за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме.
„Инцидентите во Скопје и други градови низ државата се апсолутно неприфатливи, претставуваат директно загрозување на меѓуетничките односи, јавната безбедност и достоинството на Македонците“, велат од СДСМ.
„Почитувањето на симболите и идентитетот на секоја заедница е темел на нашето заедничко општество, и секое однесување кое има за цел да предизвика поделби или тензии е спротивно на овие вредности.
СДСМ бара од Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, итно да постапи и МВР да ги преземе сите потребни мерки за санкционирање на сторителите на овие непромислени и штетни дејствија. Безрезервното спроведување на законите е единствениот пат до зачувување на мирот, безбедноста и довербата меѓу сите граѓани“, соопштуваат од партијата.
СДСМ повикува на смиреност и воздржаност од дополнителни провокации.