Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжи да го крши Уставот во општина Кисела Вода
Наместо фокус на теми што се во интерес на граѓаните на локално ниво, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го крши Уставот, реагираат од страна на СДСМ.
Додаваат дека, по Штип и Аеродром, денеска истото тоа се случило и во Кисела Вода.
„Со непочитување на уставното име на државата во општина Кисела Вода, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го прекршуваат Уставот на државата.
Свечените изјави, каде што намерно не е наведено уставното име, се нелегитимни и тие не се потпишани од советниците од СДСМ и коалицијата, кои ја напуштија седницата на Советот“, се додава во писменото соопштение од СДСМ.
СДСМ и коалицијата, велат од таму, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат договорот од Преспа, да нѐ втурнат, како што напоменуваат, во нови кавги со Грција и другите соседи, да нѐ внесат во конфликт и внатрешна омраза и да поништат сѐ што постигнавме заедно во овие четири години, стои во писмениот допис од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

