Македонија
СДСМ: Во времето на ВМРО-ДПМНЕ најмногу растеше цената на струјата
Мицкоски беше најлошиот директор на ЕЛЕМ, во времето на ВМРО-ДПМНЕ најмногу растеше цената на струјата, во времето на СДСМ најмногу пораснаа платите, реагира СДСМ на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека поскапувањето на струјата е поради водење недомаќински политики и предизборен поткуп на гласачи.
„Денеска, со нови демогогии и лаги на тема енергетика се јави Христијан Мицкоски, човекот што беше најлошиот директор на ЕЛЕМ и советник за енергетика на Никола Груевски во време кога цената на струјата порасна до 100 отсто. Мицкоски денес уште еднаш покажа дека е голем незнајко и голем манипулатор. Имено, тој во едно исто обраќање цената на струјата најпрвин ја споредуваше со висината на платите во земјата за потоа да ја споредува со светските цени на продажба на струја. Овие две споредби не се спојуваат, а Мицкоски досега требало да знае дека струјата има и свои светски, берзански цени, и токму поради тоа, нејзината цена ја утврдува независна регулаторна комисија“, велат од СДСМ.
Сепак, додаваат од партијата, ако толку сака да ги споредува и висините на платите, Мицкоски треба да научи дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ и во негово време цената на струјата имаше највисок раст од 100 %, а во времето на СДСМ цената на струјата остана непроменета цели три години, додека платите имаа највисок раст во историјата на земјата. Оттука, велат од СДСМ, растот на струјата од 7 % за три години е неспоредливо со растот на струја од 100 % за нивните 10 години.
„Покрај зголемување на цената, токму ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски ја укина евтината тарифа на струјата, што значеше и сериозно дополнително зголемување на сметките на корисниците. СДСМ беше и натаму останува зад својата политика за евтина тарифа на струја, а Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се тие што ја укинуваа евтината тарифа на струјата“, се наведува во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

