Контакт

Македонија

Најавена изградба на 4 нови градинки во вредност од 134 милиони денари

Објавено пред

Потпишани се четири нови договори за изградба и проширување на градинки во општините Карпош, Валандово, Арачиново и Пробиштип во вкупна вредност од речиси 134 милиони денари и вкупен капацитет од нови 315 места, најавува СДСМ.

Од партијата велат дека целта е само со поддршката од Светска банка до јуни 2024 година да се обезбедат 7.500 нови места во градинките.

„Со последните 4 договори се инвестира во вкупно 13 градинки низ цела држава, а некои општини за прв пат добиваат објекти за згрижување и воспитание на децата. Во текот на изминатата година преку истата компонента за којашто се обезбедени вкупно 15 милиони евра беа потпишани договори за изградба на градинки во Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци, Ѓорче Петров, Струмица, Крива Паланка, Боговиње и Ресен.

За оваа година од Буџетот на државата се издвоени 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градини, а изминатите две и пол години беа инвестирани над 180 милиони денари.Вкупно досега изградени се 43 нови објекти за градинки.

Покрај зголемувањето на капацитетите на градинките истовремено се работи на подобрување на воспитните програми и на јакнење на кадарот којшто се грижи и ги воспитува децата. Само во последната година платите на вработените во градинките се зголемени за 21% што е најголемо покачување до сега.

СДСМ како одговорна партија сериозно се залага за подобра грижа и воспитание на децата бидејќи тоа е инвестиција на нашите идни генерации кои се иднината на нашата држава“, велат од СДСМ преку соопштение.

Македонија

Пендаровски во Израел: Двете држави ја споделуваат трагедијата на Холокаустот во кој беа убиени илјадници Евреи

Објавено пред

Претседателот, Стево Пендаровски, кој во Ерусалим ќе учествува на Форумот по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц-Биркенау, денес се сретна со претседателот на Израел, Реувен Ривлин.

„Претседателот Пендаровски нагласи дека двете држави ја споделуваат трагедијата на Холокаустот во кој беа убиени илјадници Евреи од нашата држава, што претставува ненадоместлива загуба за нас. Претседателот ја подвлече улогата на еврејската заедница во Република Северна Македонија изразувајќи уверување дека таа и натаму ќе продолжи да го дава својот активен придонес за севкупниот развој на државата, како и во негувањето на добрите односи меѓу двете земји“, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

Тој информирал дека од декември 2019 година Република Северна Македонија е асоцијативна членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот и ќе се заложи да стане полноправна членка во 2021 година.

Исто така, Пендаровски се заблагодарил за поддршката што Израел ја дава на Северна Македонија во изминатиот период, од стекнувањето на нашата независност, додавајќи дека постојат можности за интензивирање на економската соработка.

Двајцата претседатели размениле информации и мислења за состојбите на Балканот и за блискоисточниот регион. На средбата беше изразено задоволство од одличната соработка меѓу Северна Македонија и Израел на билатерален и мултилатерален план.

Прикажи повеќе...

Македонија

Објавен конкурс за „Награди за новинари кои пишуваат за невидливите“

Објавено пред

Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) по трет пат го распиша конкурсот за доделување на „Награди за новинари кои пишуваат за невидливите“.

„Станува збор за доделување на награди за новинарство „одоздола“, односно награди за новинари кои пишуваат на социјални теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, а на тој начин им даваат глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи. Она што овој проект го прави уникатен е составот на жирито, односно улогата на членови во жирито ја имаат исклучиво луѓе кои имаат искуство со живот во сиромаштија“, велат од МППС.

Наградите имаат за цел промовирање на новинарство кое ги опфаќа многуте аспекти на сиромаштијата и социјалната исклученост, поддржуваат известување кое ги почитува граѓаните и внимава на нивното достоинство и изразуваат поддршка на новинарите кои им даваат видливост и гласност на граѓаните кои вообичаено не ги гледаме и слушаме. Конечната цел е да се доделат награди на општествено посветени новинари, кои внимаваат да не градат стереотипи и не се водат од сензационализам.

Краен рок за доставување на сториите е 01.02.2020 година, на е-маил адреса [email protected]

Прикажи повеќе...

Македонија

Меѓународен турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески во Карпош

Објавено пред

Од 24 до 26 јануари, во спортската сала „Форца“, ќе се одржи 11. издание на Меѓународниот турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески. Општина Карпош е главен покровител на овој спортски настан, кој се организира во спомен на нашата музичка легенда, која е родена на 25.1.1981 година.

Оваа година учествуваат екипи од општина Карпош, општина Крушево, НЛБ банка, „Лиличи Ароши“ (Велес), Нова Градишка (Хрватска), Корча (Албанија), „Мандра“ – Скопје и Општина Чаир.

Со учеството на тимови од разни држави се потврдува дека Тоше беше личност која обединуваше различни култури и држави.
Во оваа пригода во посета на Карпош и Скопје ќе биде и градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ, кој ќе оствари и средба со градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

Проески беше жител на Злокуќани, општина Карпош, а трагично загина во Нова Градишка. Со цел да не се заборави неговата мисија и вредност овие две општини негуваат континуирана соработка на полето на спортот и културата.

Натпреварувачкиот дел од турнирот почнува в сабота (25 јануари), во 10 часот. В недела (26 јануари), од 10 часот се игра натпреварот за трето место, а во 10.45 часот е финалето на турнирот. Од 12.30 до 13 часот е доделувањето пехари и благодарници во хотелот „Александар палас“.

Турнирот се организира во соработка со Здружението на стопанствениците Власи „Мандра“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет54 минути

Саудиска Арабија негира дека го хакирала телефонот на Џеф Безос

Саудиска Арабија ги отфрли како апсурдни пишувањата на „Гардијан“ дека го хакирала телефонот на сопственикот на „Амазон“ и на „Вашингтон...

Свет3 часа

Путин го потпиша указот, Шојгу и Лавров и во новата руска влада

Рускиот претседател, Владимир Путин, синоќа потпиша указ за составот на новата влада предводена од премиерот Михаил Мишустин, при што ресорите...

Свет3 часа

(Видео) Импичмент на Трамп: Сенаторите се судрија околу правилата на судењето

Додека американскиот претседател Доналд Трамп е на Светскиот економски форум во Давос,американскиот Сенат отфрли неколку барања на демократите во врска...

Свет3 часа

Кина: Новиот вирус мутира, расте бројот на починати

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои...

Македонија3 часа

Владата ги поништи одлуките на Мизрахи за в.д. директори на центри за социјална работа

Владата донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување од должност и именување на вршители на должност директори во јавните...

Култура15 часа

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Свет16 часа

Прв случај на мистериозниот вирус во САД

Официјални лица од здравствените власти го потврдија првиот случај на мистериозниот корона вирус во САД, кој уби шест луѓе во...

Спорт16 часа

Норвежаните во полуфинале по триумфот над Исланд (видео)

Норвешката ракометна репрезентација се приклучи на Хрватска и на Шпанија во полуфиналето на Европското првенство, откако во нордиската пресметка со...

Свет17 часа

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Регион19 часа

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол...

Свет21 час

Паника во светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата....

Македонија22 часа

(Видео) Ѓорчев: 10.000 граѓани лани се иселиле во Германија

Речиси 10.000 граѓани во 2019 година добиле работни визи и заминале во Германија, рече опозицискиот пратеник Владимир Ѓорчев, кој додаде...

Македонија23 часа

Димитров во Давос: Крајно време е да тргнеме напред

Крајно време е Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ,...

Македонија24 часа

Дерковски: Избирачкиот список никогаш не може да биде идеално чист

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, се надева дека на престојните избори нема да има злоупотреба на лични карти...

Македонија1 ден

Османи до партиите: Донесете го Законот за Јавното обвинителство пред изборите

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека законот за Јавно обвинителство, кој со месеци е заглавен во Собранието, треба да биде донесен...

Свет1 ден

(Видео) Грета во Давос: Ништо не направивме за климатските промени

Младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг, одржа говор на годишниот собир на Светскиот економски форум, кој се...

Свет1 ден

Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот корона вирус ставен во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија, најверојатно, се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус...

Свет1 ден

Почнува судењето за импичмент на Трамп, адвокатите повикаа веднаш да се ослободи претседателот

Во Сенатот на американскиот Конгрес почнува судскиот процес за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Минатата недела Претставничкиот дом ги испрати...

Економија1 ден

Отворен 50. Светски економски форум во Давос

Педесетиот Светски економски форум во Давос беше отворен синоќа со концерт на Младинскиот оркестар на Европската унија, Симфонискиот оркестар од...

Регион1 ден

Во БиХ секоја година умираат по 3 300 луѓе како последица на загадениот воздух

Во Босна и Херцеговина секоја година прерано умираат околу 3 300 луѓе како последица на изложеноста на воздух загаден со...

Досие