Македонија
СДСМ: Додека Мицкоски го водеше ЕСМ државата стана зависна од увоз на скапа струја
Мицкоски е најнеспособниот директор на ЕСМ – неговите неодговорни политики ја направија државата зависна од увоз на струја и ги зголемија трошоците на граѓаните, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение, по најавата за утрешниот протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ поради зголемувањето на цената на струјата.
„Во периодот дека директоруваше во ЕСМ и додека му беше советник за енергетика на Никола Груевски, цената на елетричната енергија порасна за 100 отсто, а беше укината и дневната евтина тарифа на струјата. Додека Мицкоски го водеше ЕСМ државата стана зависна од увоз на скапа елетрична енергија. Наместо на граѓаните,тој мислеше само на своите бизниси со хидроцентралите кои ги доби од истата влада во која беше советник“, велат од СДСМ.
Социјалдемократите додаваат дека за разлика од таквиот неодговорен однос, денес државата води исправни енергетски политики со реформи признаени и од Енергетската заедница. Денес, како што велат од Социјалдемократскиот сојуз, ЕСМ не купува електрична енергија, туку продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.
„Граѓаните денес користат дневна евтина тарифа на струјата истата онаа што Мицкоски ја укина и на чие повторно воведување, ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше. Денес, пазарот на електрична енергија е либерализиран за сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинствата и преку моделот на универзален снабдувач се штитат граѓаните од пазарен ценовен шок. Цената по која ЕСМ ги снабдува домаќинствата на регулираниот пазар е поевтина за 55 отсто од цената на слободниот пазар. Концептот што е имплементиран во Законот за енергетика обезбедува заштита домаќинствата од повисоките цени на слободниот пазар и воведувањето на Универзалниот снабдувач беа одобрени од Енергетската заедница“, додава СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.