Македонија
СДСМ: И по една година, Мицкоски уште сече ленти на инвестиции на СДСМ

„Мицкоски вчера од Штип повторно се обиде да се накити со туѓи перја и да ги промовира инвестициите на СДСМ како свои. Гордо Мицкоски наајави дека оваа недела започнува со работа фабриката на канадската компанија „Магна“, најавувајќи ја како „нова странска инвестиција“. Но, штипјани имаат подобра меморија од него – тие знаат дека оваа инвестиција беше најавена уште во мај 2023 година, од тогашниот премиер Димитар Ковачевски и Владата на СДСМ“, велат од СДСМ.
„Фабриката на „Магна“ е резултат на стратешките економски политики на СДСМ. Обидот на Мицкоски да ја претстави оваа инвестиција како сопствен успех е евтин ПР трик – очајнички обид да се прикаже некаква работа, откако речиси една година не успеа да донесе ниту една нова значајна странска инвестиција. Реалноста е дека Мицкоски и неговата Влада речиси една година тапкаат во место кога станува збор за економијата. Единственото нешто што го „промовираат“ се проекти започнати од претходната Влада, а граѓаните гледаат сечење ленти на проекти кои биле целосно реализирани од претходната влада. СДСМ беше и останува партија што носи реални резултати за граѓаните и економијата. Во време на нашето владеење, Северна Македонија беше препознаена како стабилна и атрактивна дестинација за странски инвестиции. Не со лажен ПР на веќе започнати проекти, туку со вистински нови фабрики, вработувања и економски раст“, посочуваат од партијата и додаваат:
„На Мицкоски му порачуваме, може да глумиш колку сакаш, но економски раст не се гради со лаги и ПР. Се гради со работа, нешто што него очигледно сè уште не му е непознато“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија!“, напиша Ковачев

„Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на социјалните мрежи.
„Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Сличен случај неодамна беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најблискиот семеен круг на сегашниот, минатиот и претходните премиери на земјата.
Бугарската држава има должност кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој потпис изјавиле дека сега се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, додаде Ковачев.
Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.