Македонија
СДСМ: Коце Трајановски нема кредибилитет да зборува за состојбите на град Скопје
Коце Трајановски имаше 8 години да остави трајни проекти за Скопје, но наместо тоа тој реши да ги исполнува криминалните желби на неговиот шеф Никола Груевски, затоа денес Трајановски нема кредибилитет да зборува за состојбите во Град Скопје, соопшти СДСМ.
„600 милиони евра пари на граѓаните потроши ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје за споменици, лажен барок, палми и жални врби, додека делов од градот немаа водовод и канализации. Од Град со зеленило, дрвја и паркови, Скопје стана град од бетон и стиропор обвиен во сивило. Граѓаните се сведоци и на урбаната мафија која градеше каде стигне и за тоа си делеше дебели провизии и тендери. Редовно поплавување на улици и булевари на секој дожд беше уште една од бројните последици од негрижата на тогашната власт предводена токму од Трајановски.
Денес, како никогаш досега истовремено се реконструираат клучни сообраќајници во сите скопски општини, реконструирани и подигнати се нови зелени површини на околу 40 илјади квадратни метри, а се решава и проблемот со аеорозагадувањето кој ВМРО-ДПМНЕ со години го игнорираше.
Нови еколошки автобуси, субвенции за електрични возила, електрични тротинети, велосипеди, вградување на плински уреди во возилата, греење на палети, субвенции за инвентори, зголемен инспекциски надзор на диви депонии и палење на стрништа, се дел од мерките кои оваа градска власт ги презеде против аерозагадувањето.
Градот ја презема мрежата за дистрибуција на топлинска енергија, се работи и на процесот на гасификација со цел што повеќе граѓани да добијат пристап до поевтино и еколошко загревање.
Се вложува во паркови, нови садници на дрва, детски игралишта, урбана опрема, нови контејнери за отпад, реконструкција на училишта, велосипедски патеки.
ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за Град Скопје бидејќи оваа партија ниту како власт ниту како опозиција не работела никогаш во интерес на градот и неговите граѓани.
ВМРО-ДПМНЕ може да гледа и да учи од градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, како изгледа вистинска грижа за градот Скопје“ се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

