Македонија
СДСМ: Мицкоски трет ден се крие откако ги излажа граѓаните за парите што ги зел како советник на Груевски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/sdsm-41-_1_0.jpg)
Христијан Мицкоски трет ден се крие од јавноста откако се потврди дека ги лажел граѓаните за својот ангажман како советник на Никола Груевски, велат денеска од владејачкиот СДСМ.
Оттаму додаваат дека иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ признал оти зел пари додека му бил советник на Груевски, што ги чинело граѓаните 2 милиона денари, сепак тој не се извинил за, како што велат, претходно изнесените лаги.
„Без никаков срам Мицкоски лажеше пред граѓаните, пред оние од чии пари зел месечни хонорари, а сега се крие и одбива да им се извини. Ова однесување на Христијан Мицкоски потврдува тој не ги почитува граѓаните и нема доблест да им се извини, односно дека ги потценува граѓаните што за него очигледно не се важни“, стои во партиското соопштение.
Од СДСМ истакнуваат дека актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ го следи патот на неговиот претходник и очигледно ги дели и истите вредности со Никола Груевски.
„Тоа е една иста матрица на ВМРО-ДПМНЕ, која 11 години владееше со лаги, местенки, монтирани случаи и поделби што на граѓаните на Македонија им одзеде деценија од нивните животи. Тоа е матрицата што граѓаните ги понижуваше, ги обесправуваше, осиромашуваше и задолжуваше, а поединци од власт се богатеа. Граѓаните ќе го ценат Мицкоски по ова негово однесување“, велат од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.