Македонија
СДСМ: Мицкоски ќе ги изгуби изборите во 2024 година

Парламентарните избори ќе се одржат во 2024 година и на тие избори Мицкоски ќе загуби, велат од СДСМ.
„ Очајните постапки на Мицкоски и неговите изјави се лажни и единствено му служат за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ. Таква е и последната изјава дека ќе освоел 61 пратеник, слична на изјавите на Никола Груевски. Редовни избори во 2024 година е она што го плаши Христијан Мицкоски. Знае дека го чека пораз. Што сака Мицкоски да сокрие?
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се големо разочарување за граѓаните, за шест месеци не сработеа ништо, немаат ниту еден свој реализиран проект, тоа се најслабите градоначалници досега. Мицкоски не успева да го одбрани криминалот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, следува одговорност за сите криминалии. Не успева да го блокира Собранието, неговите деструкции се поразени“ се наведува во соопштението на владејачката партија.
Оттаму додаваат дека во ВМРО-ДПМНЕ постои незадоволство од како што велат лагите и неспособноста на лидерот, кој пак сакал да купи уште некој месец за да прикаже дека нешто работи.
„ Менаџирењето на Владата предводена од СДСМ со најголемата економска и енергетска криза по Втората светка војна дава успешен резултат, се штити стандардот на граѓаните.
Граѓаните го читаат Мицкоски како Буквар и знаат дека не вреди да се закочи, да се блокира и да и се наштети на државата само за тој да си ја задржи својата фотелја во белиот дворец. Тоа го знаат и внатре во ВМРО-ДПМНЕ“ додаваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.
„Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста“, велат од Општината.
Македонија
СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија, велат од СДСМ.
„Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ велат дека странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година.