Македонија
СДСМ: На бранот на еуфоријата нема да му дадеме на Мицкоски поголема власт од оваа што ја освои на локалните избори
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/01/sdsm-2.jpeg)
Државата и народот се најважни, парламентарното мнозинство нема да ја става државата на ризик и нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори, велат од СДСМ во реакцијата на прес-конференцијата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, кој побара избори.
„ВМРО-ДПМНЕ од час на час потврдува дека издиша балонот од лаги дека имале ново парламентарно мнозинство. Парламентарното мнозинство е стабилно и нема да ја става државата во ризик и затоа нема да гласа за брзи предвремени избори. СДСМ, коалицијата и демократското мнозинство граѓани на бранот на еуфоријата нема да му дадат на Мицкоски поголема власт од оваа што ја освои на локалните избори. Државата и нејзината иднина се многу поважни од желбата за власт на Мицкоски“, велат од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека на граѓаните им е потребна Влада што испорачува резултат, особено во време на пандемија и енергетска криза, Влада што има евроатлантски курс на дејствување и која нема да го закочи евроинтегративниот процес.
„Затоа, ова парламентарно мнозинство, во име на нужноста земјата да продолжи напред во решавање на последиците од пандемијата и во соочување со енергетската криза, во име на потребата да ги вложиме сите напори да ги почнеме преговорите со ЕУ, нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори. СДСМ, коалицијата и граѓаните нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат договорот од Преспа, да нѐ втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да нѐ внесат во конфликт и внатрешна омраза и на тој начин да поништат сѐ што постигнавме заедно во овие четири години“, се наведува во писмената реакција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.