Македонија
СДСМ: Опозицијата се плаши од ветинг поради предметите на СЈО
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/76635665_474926103368149_6812011147286282240_n-1.jpg)
„ВМРО-ДПМНЕ повторно покажува дека се плаши од ветинг на судиите и обвинителите, и изнесува лажни обвиненија на сметка на правосудниот систем во земјата“. Ваква е реакцијата на владејачкиот СДСМ по обвинувањата изнесени од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој побара оставка од министерката за правда, Рената Дескоска.
Од СДСМ велат дека на површина излегува стравот на ВМРО-ДПМНЕ дека не успеале да ги закопаат предметите на СЈО, туку тие и понатаму се во процедура.
„Изгледа Мицкоски, кој, како што лажно тврди дека, докторирал во Германија или магистрирал во Италија, не ја разбрал темата за правосудството и продолжува со лагите кои стануваат заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да шири лаги ВМРО-ДПНМЕ треба да одговори дали е вистина дека сега кога СДСМ најавува ветинг, Мицкоски во паника бара од преставник на меѓународната заедница во земјата, да не дозволи ветинг на судиите и обвинителите?
ВМРО-ДПМНЕ 11 години го газеше поравниот поредок и го уништуваше судството преку партизација, со помош на Михајло Маневски и неговата сопруга Филимена, Вангеловски, Панчевски, Зврлевски… монтираше случаи и пресуди, со кои се пресметуваше со неистомислениците и ги штитеше криминалите на фамилијата.
СДСМ е за правна држава во која законите важат за сите“, наведе СДСМ во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.