Контакт

Македонија

СДСМ: Пет нови градинки за згрижување дополнителни 760 деца

Објавено пред

Заложбите во детската заштитита и грижата за најмладите останува еден од главните приоритети на Владата и Министерството за труд и социјала. Потврда за тоа е изградбата на нови градинки во пет општини со кои се потпишаа договори за грантови за нивна изградба во вредност од 228 милиони денари или 3.7 милиони евра,соопшти СДСМ.

„Со потпишување на овие договори се отвора простор за 760 нови деца. Нови градинки ќе се градат во Крива Паланка, во Ѓорче Петров и Струмица, а ќе се адаптираат нови простории во Боговиње и Ресен.

Зголемувањето на буџетот на Министерството за 300 отсто за оваа година наменет за нови градинки и подобрување на квалитетот на предучилишното образование е потврда дека детската заштита е подигната на многу повисоко ниво.

Истовремено, покрај инвестирањето во нови градинки, се инвестира и во човечките ресурси, односно лицата кои се задолжени за грижа и воспитување на најмладите. Преку зголемување на платите и јакнење на компетенциите на кадарот во градинките градиме вистински квалитетно предучилишно образование.

Со изградба на нови објекти, предвидено е да се креираат дополнителни 7.500 места во установите за згрижување и воспитание на деца и со тоа да се подигне опфатот на децата од 3-6 години на 50 отсто.

Грижата за најмладите и обезбедување услови за згрижување и воспитување на децата е правиот пат“, се наведува во партиското соопштение.

Македонија

Завршни зборови во „Тврдина 2“, во среда втора пресуда за Горан Грујевски

Објавено пред

Во Кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, кој избега во Грција.

Денеска во судот обвинителката Ленче Ристоска ги даде завршните зборови. Грујевски е обвинет за фалсификување службена исправа.

Тој беше осуден во отсуство на една година и шест месеци затвор во предметот „Тврдина 2“ за уништување документи, од кои, некои биле поврзани со набавката на опремата за прислушување, но Апелација го врати предметот на повторно судење.

Шесте службенички вработени во Управата беа осудени на условна казна. Пет од нив беа осудени на условна казна од 9 месеци, а една од нив на 2 години. Апелација им ги потврди казните.

Речиси 3.000 документи биле уништени во црни кеси за ѓубре во базата на МВР во „Брест“ во близина на селото Петровец.

Грујевски избега во Грција заедно со Никола Бошкоски, кога требаше да бидат притворени со одлука на Врховниот суд.

„Тврдина 2“ е првото обвинение на СЈО поднесено во 2016 година, а досега се сменија три судијки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење

Објавено пред

Од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ информираат дека водата во главниот град е безбедна и квалитетна за пиење. Анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола покажале дека резултатите од испитувањата на сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник“ на РМ, бр.183/18).

Секторот за санитарна контрола во периодот од 11.11.2019 до 15.11.2019 зеде 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

ПОЦ: Санкционирани 331 непрописно паркирани возила во Центар

Објавено пред

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје во текот на изминатата седмица санкционираа 331 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Во периодот од 11 до 17 ноември, со помош на специјалните возила ‘пајак’ на ЈП ПОЦ отстранети се 182 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство блокатор санкционирани се 149 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“ се наведува во извештајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар ги потсетуваат возачите да ги почитуваат сообраќајните правила со цел одржување ред и безбедност на улиците.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Завршни зборови во „Тврдина 2“, во среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во Кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот...

Свет2 часа

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет2 часа

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија3 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија4 часа

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија14 часа

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет14 часа

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа16 часа

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет17 часа

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија20 часа

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет21 час

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет21 час

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија22 часа

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион24 часа

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Европа1 ден

Британскиот принц Ендрју негира дека злоупотребувал малолетничка на имот на осуден педофил

Британскиот принц Ендрју првпат во интервју за Би-би-си, одговори на прашања за наводната поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстајн, при...

Македонија1 ден

Десет лица приведени при контроли во седум скопски локали

Викендов, во периодот од 23 до 04 часот наутро од страна на скопската полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен...

Европа2 дена

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Економија2 дена

Бил Гејтс повторно е најбогат човек во светот

Oсновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во петокот го надмина директорот на „Амазон“, Џеф Безос, на списокот на најбогати луѓе во...

Европа2 дена

Градоначалникот на Венеција: Ова што се случува кај нас, ќе се случи во целиот свет

Жителите и властите во Венеција се борат со обилни дождови и поплави поради што во градот е прогласена и вонредна...

Топ2 дена

160 животи згаснуваат годишно во сообраќајни несреќи во земјава

17 ноември е светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, на милионите лица кој изминатите години трагично го...

Досие