Македонија
СДСМ : Протестот на членови на ВМРО-ДПМНЕ кои глумеа незадоволни земјоделци е лажен

Очајот и безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ, истите оние кои оставија многу нерешени проблеми во земјоделието и немаат што да им понудат на земјоделците, на граѓаните, кулминираше денеска со партискиот протест пред Владата.На наводниот „протест“ на земјоделците, освен партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ речиси изостанаа вистинските земјоделци, соопшти СДСМ.
Според партијата, протестот на членови на ВМРО-ДПМНЕ кои глумеа незадоволни земјоделци е лажен, исто како што е лажно се во оваа безидејна партија посветена единствено на обнова на режимот.
„Вистинските земјоделци немаат причина да протеститраат, затоа што досегашното искуство го потврдува партнерскиот однос и грижа на Владата предводена од СДСМ. Од друга страна гледаме дека продолжува потценувачкиот и манипулативен однос на ВМРО-ДПМНЕ со години наназад.За само две и пол години СДСМ и Владата која ја предводи, покрај што ги исплати наследените заостанати долгови кон земјоделците, паралелно се работеше и се реализираа бројни проекти преку кои парите се враќаат назад кај земјоделците, трошоците се намалуваат, субвенциите навремено и неселективно се исплаќаат ,а со тоа расте животниот стандард на земјоделецот.
Во консултација со сточарите, се донесе одлука за нова дополнителна субвенција за предадено јагне во износ од 400 денари, со цел да се намалат загубите на одгледувачите на овци поради ниската откупна цена.Во два дена се исплатија вкупно 195 милиони денари за дополнителната субвенција од 5 денари за килограм предадена оризова арпа и за субвенцијата за предадено млеко, пари коишто директно легнаа на сметките на вкупно 7.872 земјоделци“, соопшти партијата.
Според СДСМ, се реши долгогодишниот проблем на лозарите, со исплата на наследените долгови кон лозарите што винарските визби Повардарие, Стефани и другите регистрирани винарници го имаа кон нив за предаденото грозје во 2014 и 2016 година во вредност од над 1 милион и 250 илјади евра на 2.048 лозари. Претходно, се исплатија 9 милиони евра за основната субвенција за одржување на лозови насади и над 1 милион евра легнаа на сметките на 6.240 лозари, за дополнителната субвенција од 1 денари за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби.За овошните култури предадени во преработувачки капацитети се исплатени 75 милиони денари на 1.460 земјоделци.Дополнително со ребалансот се планирани 160 милиони денари за исплата на дополнителната субвенција од 3 денари за килограм предадени индустриски јаболка кај откупувачи.Се донесе нов модел за повисоки субвенции за тутунарите во три нивоа. Субвенцијата за прва класа е 80 денари, за втора 70 денари за трета и останатите класи 60 денари за килограм. Сите субвенции за тутунот од реколта 2018 се исплатени, или вкупно 28 милиони евра. Последните две години се постигна највисока откупна цена на тутунот, односно за реколта 2017 цената беше 217,6 денари, а за реколта 2018 откупната цена беше 214,2 денари за килограм.
„Со ребалансот на буџетот, се обезбедени нови 915 милиони денари за субвенции за дополнителни мерки кои ќе ги добијат земјоделците за различни видови производи. Со оваа сума финансиската поддршка за земјоделството годинава достигнува околу 7 милијарди денари, пари кои директно се враќаат кај земјоделците за да ги инвестираат во новото производство.
адоволни земјоделци немаат причина за протести, обидот на ВМРО-ДПМНЕ за постигнување и реализација на посакуваното сценарио не им успеа ни денеска,а нема ни да им успее некогаш.Наместо, лаги и манипулации, ВМРО-ДПМНЕ нека понудат вистинска програма и мерки, затоа што со ова само си потврдуваат дека имаат единствено програма за обновата на режимот“, се додава во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мартин Пановски: На парцелата од 12.000 квадратни метри, дури 6.520 квадрати ќе бидат зеленило

Архитектот на еден од објектите кои ќе се градат на паркингот спроти „Холидеј ин“, Мартин Пановски, во вечерашното гостување на „Топ тема“ изјави дека во двете згради кои ќе се градат има станови колку во трите кули во градски ѕид и ништо повеќе. Тој вели дека макетите и рендерите кои се споделуваат во јавноста се целосно неточни и апсурдни.
„Неразбирливо е како е можно некој кој е архитект да исцрта и пласира во јавноста вакви скици и макети. Ова се 3Д прикази правени од наши колеги кои, за жал, или не знаат да читаат план или намерно излажале, за да направат паника во јавноста. По сите архитектонски параметри, на оваа макета имате 500.000 м2. За појаснување, на дадената локација се дозволени 200.000 м2, а ќе се користат 89.000 м2“, рече Пановски.
Пановски во емисијата за првпат презентираше фотографија од реалниот проект кој е различен од сите фотографии и графики кои се споделуваат на социјалните мрежи деновиве.
Според проектот презентиран од Пановски, не станува збор за блок згради или шеесеткатници туку за објекти со тројно намалена катност и многу вертикално зеленило.
Пановски тврди дека на парцелата 1.1 од 12.000 м2 дури 6.520 м2 ќе бидат зеленило. Проектот предвидува 969 паркинг-места на три новоа и целосно сообраќајно решение за движење на пешаците и возилата.
Жалам што сите коментираат и зборуваат дека проектот не чини, а никој не го видел, заклучува Пановски.
(ПР текст)
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Meѓу владините хонорарци се синот на Самка, сестра на пратеничка од СДСМ, претседателот на СДММ

Во Македонија додека граѓаните преживуваат од ден за ден, власта своите партиски војници дебело ги наградува со хонорари, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако Владата попладнево ја објави листата со детали за сите лица кои се хонорарно ангажирани за нејзините потреби.
„Меѓу хонорарците кои земале народни пари во енормни суми се бројни членови и симпатизери на СДСМ, Петрит Сарачини, Марко Михаилоски – претседател на СДММ, Јана Велковска – сестра на Фаница Николовска пратеничка од Тетово, Дамир Ибраимоски – син на Самка Ибраимоски. На листата може да се види и името на Ванчо Узунов. кој бил поранешен потпретседател на СДСМ“, стои во партиската реакција.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека за хонорари од 2019 до 2020 година, власта исплатила над еден милион евра.
Според опозициската партија, под закрила на Владата биле 58 хонорарци, од кои денес се објавени 55.
„Токму овие хонорарци за еден напишан статус или, пак, погрешно наместено знаме земале по 30, 40, 50 илјади денари. Од имињата на објавените списоци, јасна е намерата зошто власта калкулираше со денови кога да ги објави“, велат од ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека додека државата осиромашува и згаснале над 4.000 компании, партиски војници на власта земале хонорари до 1.000 евра.
Македонија
Филипче: Пристигнуваат 2.000 кинески вакцини, донација од Емиратите

Две илјади кинески вакцини од прозиводителот „Синофарм“ пристигнаа на аеродомот во Софија и до вечер ќе пристигнат во нашата земја, најави на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој во објавата на „Фејсбук“ посочи дека се работи за донација од Обединетите Арапски Емирати.
2000 кинески вакцини од производителот Синофарм пристигнаа на аеродомот во Софија и до вечер ќе пристигнат во нашата…
Posted by Венко Филипче on Понеделник, 12 април 2021
„Голема благодарност за заложбата на амбасадорот Абдулкадир Мемеди и на министерот за надворешни работи Бујар Османи што за краток временски период се обезбеди оваа донација“, нагласува Филипче додавајќи дека симболот на оваа здравствена криза е солидарноста.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш