Македонија
СДСМ: Срамно е да има три верзии од скандалот на аеродромот, некој ја прикрива вистината

Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот инцидент со претседателката на Косово, Вјоса Османи откако сите страни излегоа со своја верзија на настанот.
СДСМ прашува дали се прикрива вистинската верзија за тоа што се случило и од кои причини.
„Додека Косово го окарактеризира настанот како ‘дипломатски скандал’, јавноста не беше удостоена ниту со прес конференција на МВР за да се разбере што се случило. Вистина ли е дека лице од обезбеувањето на Гаши се заканувало со огнено оружје на вработени на ТАВ и каква била неговата улога? Дали ова во детали ќе го истражи и соопшти МВР или ќе се обиде да го забошоти случајот? Повеќе од очигледно е дека некој се обидува да стави одредени факти под тепих“, велат од партијата.
СДСМ бара целосно расчистување на настанот и транспарентно соопштување од страна на МВР.
„Како и за повеќе други ситуации, во овој краток мандат на Владата, граѓаните не знаат што се случува и која е вистината. Ние гледаме секојдневно спротивни информации на многу теми и тоа директно од највисоките претставници на власта. Муцунски зборува едно за кредитот за пругата кон Бугарија, Николовски друго.
Мицкоски вика дека ќе најде начин да се намалат платите на функционерите, министереката за фиансии дека ќе си оди ако и се намали платите. Албанските партии во власта се со сосема различни тврдења од ВМРО-ДПМНЕ по сите прашања од нивни интерес, без разлика дали е тоа албанска МАНУ или балансерот. Оваа Влада е многу нечесна спрема граѓаните и повеќе од јасно е дека вистината тешко ќе се дознава“, се додава во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија.
Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори.
Со почеток во 7:00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 2162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.
Од ДИК информираат дека 442 лица сместени во установите за вонсемејна грижа своето право на глас може да го остварат во вкупно 13 центри за вонсемејна грижа.
Гласањeто денес започна во 7 часот утринава, а завршува во 19 часот.
Македонија
Од средината на следната недела ќе биде потопло

Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Макималната температура ќе достигне до 16 степени.
Македонија
ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта.
Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка.
„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот“, стои во соопштението на ОЈО.
При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство.
Министерот за култура најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историјскиот дух.