Македонија
СДСМ: Ќе го заштитиме секој поединец од заканите за насилство

„ВМРО-ДПМНЕ повторно покажа дека не е поместена ниту милиметар од режимската и насилничка матрица. Имено, по првиот изборен круг, членови и активисти на ДПМНЕ продолжија да се закануваат со насилство кон граѓаните што не се дел од оваа партија. Членови и структури блиски на раководството на ВМРО-ДПМНЕ јавно испраќаат закани, на кои граѓаните секојдневно сведочат на социјалните мрежи.
Граѓаните сведочат и дека во општините во кои победија кандидати на ВМРО-ДПМНЕ се прават списоци на луѓе што се членови или поддржувач на СДСМ и со најави за некакви наводни одмазди.
Пред два дена личното обезбедување на Христијан Мицкоски влегло во угостителски објект во Вевчани, легитимирало, се заканувало кон гостите.
Така правеше и полицијата на МВРО-ВМРО кога вршеше упади во медиуми, кога апсеше студенти во библиотеки. На тој начин убија дете на скопскиот плоштад во 2011 година,кога славеа изборна победа.
Кандидатот за градоначалник на Василево физички нападна активистка на СДСМ.
Насилничката матрица на ДПМНЕ не застанува тука. Поддржувач и пријател на новиот градоначалник на Бутел, Дарко Костовски, на јавно место им се закани на двајца жители на Бутел дека, ако не се иселат, ќе ги убие.
Додека СДСМ е на власт, граѓаните ќе бидат заштитени, а заканите на ВМРО-ДПМНЕ ќе останат нереализирани. СДСМ и државните институции го штитат народот од насилниците.
Но, за да се сопре овој налет на обид да се врати режимот и да им се стави крај на нивните закани, мораме да се обединиме и да гласаме за бројот 12 в недела.
Да гласаме за бројот 12 за да ги заштитиме граѓаните и државата од нови насилства, конфликти, омраза, поделби и омрази.
Да гласаме за бројот 12 за да продолжиме да живееме во мирна, безбедна и слободна држава“.
Соопштение на СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.