Македонија
„Во СДС се нервозни бидејќи гледаат дека законот ќе се применува кон сите“, реагира ВМРО-ДПМНЕ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/vmro-dpmne-zgrada.jpg)
„Ја разбираме потребата на СДС на секој можен начин да ја дефокусира јавноста од своите криминали и неспособноста на МВР-СДС, кое во државен притвор остави 600 илјади граѓани“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„Исто така, СДС сака јавноста да заборави и на скандалите како петардите на Дрин Ахмети, луксузните патувања на заменикот во МВР Назим Буши, пукањето со калашникови од страна на полициски функционери, исчезнувањето на оружје од депото на МВР во Охрид, инцидентот со “Пајакот“ и десетици други случаи кои власта на ДУИ и СДС ги забошотуваше целиот овој период.
Тука е и случајот со обезбедувачот на Зоран Заев, кој претепа 10 деца во 2016 година пред дискотека во Струмица и овој случај не бил заведен во билтенот, иако бил уредно пријавен.
Нема повеќе полицаец да се удира во „пајак“, да се прогласува „пајакот“ крив или полицајци да се „пушкараат“ во хотели на страна на криминалците. Одговорност мора да има за сите.
Патем, да го прашаме Бојмацалиев дали ја виде вчерашната снимка од претепувањето човек во Струмица од страна на обезбедувањето на Заев, кое се случило пред два месеца. Дали Бојмацалиев и СДС се шокирани зошто МВР на Спасовски не презело ништо и овој случај го забошотиле.
Токму во тоа е разликата. СДС ги забошотува и прикрива прекршувањата на законот, а ВМРО-ДПМНЕ реагира, ги осудува и бара целосно расветлување на случајот, бескомпромисно и неселективно применување на нормите кон сите граѓани.
ВМРО-ДПМНЕ се залага за владеење на правото, кое ќе важи и за своите членови, но и за членовите на СДС, ДУИ и за сите други граѓани. Тоа ги плаши СДС и ДУИ и затоа се толку нервозни“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.