Контакт

Крвав четврток

„Сега Иванов ќе прогласи воена состојба и ќе ве затвориме“, му рекол еден од напаѓачите на Оливер Спасовски

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на сведочењето доцна вечерва во кривичниот суд за крвавиот четврток, рече дека напаѓачите фрлале со сè што ќе стигнат: сталки, летви, кабли, дрвени предмети…

Се присети дека ги видел бате Геле и Игор Југ во прес-центарот во Собранието. „Бате Геле со слика на Мијалков викаше: ‘Ќе ве убиеме’“. Тој рече дека полицијата била како на концерт и не уапсила никого.

Спасовски рече дека критичниот ден околу 22 часот, еден од присутните, по информацијата од новинарката Душица Мрѓа дека претседателот Ѓорге Иванов ќе одржи прес-конференција му рекол: „Сега Иванов ќе прогласи воена состојба и ќе ве затвориме“, на што Спасовски му возвратил дека е луд, зашто самиот тој очекувал да ги изнесат во мртовечки сандаци.

Тој се присети дека лицата со фантомки слободно се шетале и по потреба ги ставале и ваделе фантомките кои ги чувале во џебовите. Рече дека на Љупчо Николовски, тогашниот пратеник му висело парче од кожата од удар, а исто така и дел од усната на еден од членовите на неговото обезбедување. Тој лично имал фрактура на носот и крварел.

„Не сакавме да одиме во клиничкиот центар, зашто ако можеа да влезат во Собранието, тогаш сигурно немаше да бидеме заштитени и дојдовме во зградата на СДСМ и тука ја дадоа медицинските екипи нивната помош со шиење и слично“, рече Спасовски.

Додаде дека имал чувство на беспомошност, страв и згрозеност дека државата т.е. полицијата не ги заштитила.

Крвав четврток

(Видео) Ѓошевски: Својата невиност ќе ја докажам пред судот, амнестијата ѝ ја оставам на комисијата што преговара

Објавено пред

Горан Ѓошевски, првиот човек на обезбедувањето на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, и обвинет за крвавиот четврток, вели дека целото прашање за амнестијата на обвинетите за 27 април го остава на комисијата која е задолжена за тоа и тврди дека нема намера да се меша во политички одлуки.

„Јас својата невиност сакам да си ја докажам пред судот, не можам, а не сакам ни да се мешам во политички одлуки. Јас сум полицаец што сум постапувал по своите задачи, одлуките за амнестијата ѝ ја препуштам на комисијата што преговара“, рече Ѓошевски.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

(Видео) Илиевски: Не знам дали ќе бидам опфатен со амнестијата, јас не изготвувам никаков закон

Објавено пред

Богдан Илиевски обвинет за случувањата од 27 април како организатор на протестите „За заедничка Македонија“, пред денешното рочиште за крвавиот четврток по однос на законот за амнестија изјави дека суштински не знае што би стоело во законот и дали ќе биде опфатен со него, што би значело стопирање на секаков прогон против него за случувањата од 27 април минатата година.

„Не знам дали ќе бидам опфатен, јас не изготвувам никаков закон, можам да кажам дека слободата е вистинска правда за тие што сме неправилно обвинети“, рече Илиевски.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Судењето за 27 април одложено поради смртен случај на обвинителката Вилма Русковска

Објавено пред

Судењето за настаните од 27 април 2017 година, кои се случија во Собранието, е одложено поради смртен случај на обвинителката Вилма Русковска, која денеска не се појави во судницата.

На претходните неколку рочишта се прикажуваа телефонски СМС и вибер-пораки од одземени и вештачени мобилни телефони. СМС-пораките ги презентира Јавното обвинителство. На судските рочишта се читаа пораките од „Вибер“ и СМС-комуникациите на обвинетиот пратеник Крсто Мукоски како пораки од  одземениот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

Крсто Мукоски е обвинет за отворање на вратите од Собранието на РМ заедно со пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, со што дозволиле граѓаните насилно да влезат во парламентот, каде што беа нападнати пратеници.

На обвинителната клупа за упадот во Собранието се и пратениците Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, потоа ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, началниците во МВР, Митко Пешов, Душко Лазаров, обезбедувачот на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски – Леви, вработените во МВР, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски.

Обвинети се и иницијаторите на движењето „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен Велит, Владо Јовановски, Игор Дурловски. Обвинети се и Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија5 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија5 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized8 часа

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија8 часа

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски9 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија10 часа

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски10 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија13 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет13 часа

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија13 часа

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“14 часа

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Бегството на Груевски14 часа

(Видео) Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски и да му е доделен азил

Македонија, денеска, или најдоцна утре ќе го достави барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерката за правда, Рената...

Бегството на Груевски14 часа

Груевски добил азил во Унгарија?

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали...

Европа15 часа

(Видео) Избоден полицаец во напад во Брисел, напаѓачот повреден

Во историскиот центар во Брисел утрово непознат напаѓач со нож нападна еден полицаец кој се збоди со повреди. По нападот...

Македонија16 часа

Дисциплинска за полицаец кој употребил сила врз актерката Ирена Ристиќ

Одделот за внатрешна контрола при МВР поведе постапка за дисциплинска одговорност на полицаец од полициската станица Центар, кој пред два...

Македонија16 часа

Вучиќ: Груевски во Србија влезе со важечки документи, прашање е како ја напуштил Македoнија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави синоќа дека поранешниот премиер Никола Груевски со регуларни документи влегол во Србија, дека во...

Македонија1 ден

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет1 ден

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Македонија1 ден

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Досие