Македонија
Седуммина починати, 10 нови случаи и 332 опоравени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.825 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19 од Скопје – 5, Прилеп и Виница по 2 и еден во Куманово.
Регистрирани се 332 оздравени пациенти од: Скопје – 101, Куманово – 45, Битола – 23, Прилеп и Струмица по 19, Тетово – 16, Охрид – 15, Кичево – 12, Струга – 10, Виница – 9, Радовиш – 8, Гостивар – 7, Штип, Ресен и Делчево по 6, Велес и Свети Николе по 5, Кавадарци, Неготино и Гевгелија по 4, Крушево – 3, Богданци – 2 и по еден во Кочани, Крива Паланка и Демир Хисар.
Пријавени се вкупно 7 починати лица од Куманово (69г), Прилеп (78г), Тетово (77г), Гостивар (77г), Кочани (80г), Штип (69г) и Струмица (52г). Од пријавените, три лица се починати во домашни, а останатите во болнички услови.
Направени се 2.825 тестови преку: ИЈЗ-409, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-84, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–14, ЦЈЗ Куманово–49, Судска медицина-1, ГОБ 8-ми Септември-13, Институт за микробиологија–36, Жан Митрев (Филип Втори)-102, Авицена-251, Биотек-328, Систина-117, лабораторија Лаор-420, Синлаб-12, Ремедика-17, Плодност–56, Генеа–32, Никоб лаб-155, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 643.
Досега во земјата се направени вкупно 814.518 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, бројката на оздравени пациенти е 149.292, на починати е 5.455, а бројот на активни случаи изнесува 670.
Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментов е следна:
Скопје 68568, Активни 299
Куманово 8844, Активни 64
Прилеп 8311, Активни 38
Тетово 7219, Активни 26
Битола 6298, Активни 28
Велес 5469, Активни 6
Гостивар 5179, Активни 20
Кавадарци 5153, Активни 4
Охрид 5008, Активни 38
Штип 4959, Активни 8
Струмица 4111, Активни 16
Струга 2981, Активни 13
Кочани 2789, Активни 10
Кичево 2568, Активни 28
Гевгелија 2194, Активни 5
Неготино 2184, Активни 4
Свети Николе 1523, Активни 4
Ресен 1234, Активни 3
Крива Паланка 1219, Активни 2
Радовиш 1160, Активни 15
Берово 1029, Активни 2
Делчево 972, Активни 4
Дебар 940, Активни 1
Виница 886, Активни 12
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 1
Демир Хисар 400, Активни 5
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 376, Активни 9
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 3
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Осуда од Ковачевски за каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија: Очекувам да го санкционираат вандализмот во најкраток рок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград.
Тој преку својот Фејсбук профил, порача дека очекува во најкраток можен рок, институциите во Република Бугарија да ги најдат сторителите и соодветно да ги казнат.
„Каменувањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград е чин на вандализам кој најостро го осудувам. Ваквите активности не соодвествуваат на договорената политика за унапредување на добрососедските односи, взаемното почитување и пријателство меѓу две соседни држави. Очекувам од страна на надлежните институции во Бугарија во најкраток можен рок да се пронајдат и санкционираат сторителите и да се осуди вандализмот. Северна Македонија во духот на европските вредности, ќе продолжи со заложбите за зацврстување на дипломатската и позитивна агенда меѓу Северна Македонија и Бугарија“, пишува во објавата на премиерот Ковачевски.
Македонија
ЦУК: Пожар кај селото Миладиновци

Искрење на бандера, предизвика пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинеријата ОКТА.
Центарот за управување со кризи на својот фејсбук профил објави дека во моментот се интервенира на негово гаснење.
,,Во 19:05 часот на телефонскиот број 112 пријавен е пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинерија ОКТА кој настанал како резултат на искрење на бандера и истиот се проширил на околната сува трева. Во моментот на местото на настанот се екипи на БППЗ на Град Скопје и полиција. Се интервенира на негово целосно гаснење и во моментот нема опасност од негово проширување”, се вели во соопштението од ЦУК.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград: Да запре говорот на омраза кон Македонците во Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград. Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на Македонците во соседството е пред се резултат на поданичкиот однос на власта, која го дозволи и мотивира тој однос, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека сега Ковачевски и Пендаровски на дело гледаат кај ја донесоа државата и македонскиот народ. Народот не смее да биде жртва на власта, затоа и ВМРО-ДПМНЕ бара промени. Потребна е власт која ќе се грижи за народот.
Упатуваме апел и до Бугарија и до меѓународните институции во таа земја, што побрзо да се откријат вандалите, истите да се казнат и да се запре со говорот на омраза против Македонците, се вели во соопштението.