Македонија
Секоја година од рак на грлото на матката заболуваат речиси 200 жени, Владата итно да ги зголеми средствата, бараат здруженијата
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), по повод Светскиот ден за борба против ракот, ги повикува Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство итно да ја зголемат поддршката за превентивни програми за рана детекција и спречување малигни заболувања.
Анализите, како што истакнуваат од здружението, покажуваат дека превентивната здравствена заштита во земјата не е приоритет.
„Буџетските средства за превенција се намалуваат, при што во 2024 година изнесуваа само 590 милиони денари, а за 2025 година се предвидени 651 милион денари. Сепак, загрижувачки е што во последните години, со ребаланси, овие средства често се кратат“.
Според нив, особено алармантна е состојбата со скринингот на ракот на грлото на матката, кој, иако е воведен од 2012 година, не овозможува соодветна превенција. За успешен скрининг, како што појаснуват, потребно е да бидат опфатени најмалку 75 % од жените, но во 2023 година биле тестирани само 11 % од целната група.
„Недоволната распределба на финансиски средства (само 11 милиони денари годишно), недостигот на гинеколози во 40 општини, како и проблемите со електронското пријавување, ја загрозуваат ефективноста на програмата.
Поради тоа, секоја година од рак на грлота на матката заболуваат речиси 200 жени, а во изминатиот период секоја година умираат помеѓу 40 до 60 жени од рак на грлото на матката. Сите овие смртни случаи може да се спречат доколку имаме добро организиран и соодветно финансиран скрининг за рак на грлото на матката, како и соодветен опфат со ХПВ-вакцинација на младите“.
ЕСЕ бара итно зголемување на средствата за скрининг на рак на грлото на матката на минимум 35 милиони денари годишно, подобра достапност до гинеколошки услуги, зголемена вакцинација со ХПВ-вакцината и спроведување сеопфатни здравствени едукативни кампањи.
„Превенцијата спасува животи. Борбата против ракот мора да биде врвен приоритет за здравствените политики во земјата“, нагласуваат во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

