Македонија
Секој што згрешил мора да одговара, никој не е над законот: Meџити за случајот со Државна лотарија
Секој што згрешил мора да одговара, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, запрашан за коментар за случајот со корупција во Државна лотарија.
Пораката, како што рече, е дека никој не е над законот.
По настанот на засадување на дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош, на кој присуствуваше заедно со евроамбасадорот Михалис Рокас и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, Меџити посочи дека треба да се остави МВР, судството и обвинителството да се занимаваат со случајот.
„Слушнав и јас. Но, се согласувам со евроамбасадорот дека треба да оставиме на органите на прогонот, односно на МВР и судството и обвинителството да се занимаваат со случајот. Битно е што пораката е дека никој не е над законот. Секој што згрешил мора да одговара, денес или утре тоа ќе биде“, истакна тој.
Според евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас, треба да се остави правдата да зборува сама за себе.
„Во оваа фаза немаме никаков коментар. Да дозволиме на самото судство и јавното обвинителство во земјата да продолжат со истрагата. Мислам дека треба да оставиме правдата да зборува сама за себе“, изјави Рокас за случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меѓународна потерница за Груби и Бајрами
Основното јавно обвинителство ќе издаде наредба до Министерството за внатрешни работи да распише потерница за поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс директорот на Државна лотарија, Прпарим Бајрами откако Основниот кривичен суд Скопје одлучи да им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.
„По донесените решенија на Основниот кривичен суд Скопје со кое е определен притвор за двајца осомничени во истрагата за проневера во „Државна лотарија”, кои се недостапни на органите на прогонот, Основното јавно обвинителство Скопје вечерва до Министерството за внатрешни работи ќе издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница“, соопшти обвинителството.
Македонија
Притвор од 30 дена за Артан Груби и за Прпарим Бајрами
Скопскиот кривичен суд им одреди мерка притвор од 30 дена на Артан Груби и Прпарим Бајрами.
„По добиено известие од надлежното МВР, дека двете лица за кои ЈО предложи мерка притвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода, а поврзани со истрагата за Државна лотарија, се недостапни за органите на прогон, донесе решенија со што го прифати предлогот на ЈО и им определи мерка притвор од траење од 30 дена, заради постоење на основите од чл.165 ст1. Т.1 и 2“, се истакнува во соопштението на Кривичниот суд.
Македонија
Тошковски во превентивна акција заедно со РСБСП и Факултетот за безбедност
Министерот Тошковски во превентивна акција заедно со РСБСП и Факултетот за безбедност
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во соработка со Републичкиот совет за безбедност на патиштата и Факултетот за безбедност учествуваше во заеднички превентивни активности насочени кон едукација на граѓаните. Министерот Тошковски заедно со деканот на факултетот за безбедност Јонче Ивановски, директорот на РСБСП Горан Ангеловски и полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје разговараа со граѓаните на сите актуелни од областа на сообраќајот каде доследното почитување на правилата се важни за правилното и безбедно учествување во сообраќајот.
До граѓаните преку разговор и делење на едукативни материјали беа пренесени пораките како задолжителното користење на зимска опрема, вози одговорно значи патувај безбедно, и јас и ти сме пешаци, вози одморен, носи кацига, секогаш стави појас што се правила кои треба да ги почитуваат сите учесници во сообраќајот и пешаците и возачите.
Министерството за внатрешни работи, заедно со РСБПС и Факултетот за безбедност во текот на годината заеднички изведуваат голем број вакви превентивни активности со цел едукација на граѓаните за своите обврски и права кои ги имаат како учесници во сообраќајот.