Контакт

Крвав четврток

Семејствата на притворените за 27 април со гаранции се жалат кај народниот правобранител

Објавено пред

Семејствата на осудените и притворени со гаранција ќе поднесат претставка до Народниот бранител затоа што при активна гаранција им бил определен притвор, а биле 4 часа заклучени во судот пред да бидат донесени решенијата за притвор, потврдија за „Макфакс“ некои од нив.

dobivaj vesti na viber

Пред два дена адвокатите на обвинетите за насилниот упад во Собранието реагираа на определувањето притвор за нивните клиенти бидејќи, како што пишуваат, судот не ја зел предвид високата гаранција кога ја донел одлуката за притворање до правосилност на пресудата.

„За овие обвинети за кои беше определена гаранција судијката Кацарска при донесување на решенијата  за определување мерка притвор намерно или случајно ја заборави изречената гаранција. Така во донесените решенија за притвор таа вопшто не беше спомената па така сега имаме ситуација во притвор да се наоѓаат обвинети на кои истовремено од Апелациоски суд им  уважи висока гаранција (на некои дури и до 800.000 евра) за да се бранат од слобода, која сè уште е во правна сила“, појаснија адвокатите.

Определувањето притвор го оценија како преседан во македонскиот правен систем. Адвокатите потсетија дека обвинетиот Сеад Кочан во случајот на СЈО ,,Труст“ имал уважена гаранција, па кога првостепениот суд го осуди на казна затвор од 6 години, токму поради вложената гаранција Кочан не беше спроведен во притвор.

Судот ги осуди на вкупна затворска казна од 211 година 16 обвинети во предметот за 27 април.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Крвав четврток

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Објавено пред

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се дели на дел од обвинетите, тврдат дел од адвокатите, кои коментираат дека максималниот рок за нејзиното изготвување е 60 дена, а дека таа е готова по повеќе од 90 дена, најверојатно поради обемноста.

dobivaj vesti na viber

Рокот за жалба е 15 дена, што според некои од адвокатите е прекраток период за да се прочита, да се анализира и да се состави квалитетна жалба.

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за крвавиот четврток.Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е осуден на 18 години затвор. Началникот Митко Пешов, началникот Душко Лазаров и Горан Ѓошевски Леви, полициски службеник и дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски се осудени на 15 години затворска казна. Игор Дурловски е ослободен од обвинението.

Оливер Поповски, полициски службеник, е осуден на 13 години затворска казна, Оливер Радулов на 10 години, Мунир Пепиќ, вработен во Агенција за разузнавање е осуден на 15 години затвор.

Абдуљфета Алими, член на обезбедувањето на Собранието е осуден на 7 години, Младен Додевски на 12 години, Јане Ченто на 15 години затворска казна, Горанче Анѓеловски на казна затвор од 12 години, Игор Југ на 12 години. Влатко Трајковски е осуден на казна затвор од 15 години, Вилјам Михајловски е осуден на затворска казна од 14 години, Никола Митревски Кољо е осуден на 15 години и Александар Василевски-Нинџа е осуден на затворска казна од 8 години.

По донесувањето на Законот за амнестијата на Собранието, 15 лица во овој случај беа помилувани и за нив беше прекината постапката. Меѓу нив беа и пратениците што ги отворија собраниските врати за да влезе толпата во законодавниот дом – Сашо Василевски и Крсто Мукоски, како и тројца од водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски – Бетмен, режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Поднесено обвинение против Јанакиески, Вељаноски, Ристовски и Атанасовски за организирање на упадот во Собранието

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, експретседателот на Собрание Трајко Вељаноски, ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски осомничени дека се организатори на упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

dobivaj vesti na viber

На четворицата им се става на товар дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

За експремиерот Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта, и поранешениот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој е во бегство во Грција, постапката е запрена до нивно пронаоѓање.

„Наодите од истражната постапка укажуваат дека обвинетите на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада на Република Македонија, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство. За таа цел, обвинетите ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето За заедничка Македонија што кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Обвинетите, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието“, соопштија од Обвинителството.

Критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување насилство.

Во соопштението се наведува дека во седиште на политичка партија двајца од обвинетите континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети.

Во исто време, еден од осомничените, за кого постапката е прекината поради недостапност, со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот Жена борец донел огнено оружје и панцирни елеци наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Во текот на немирите еден од обвинетите, со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело и да не се откријат регистрираните дејствија од насилниот упад и насилството извршено внатре во Собранието, дал наредба на две веќе обвинети лица од мониторинг собата во Собранието на Република Македонија да ги извадат хард-дисковите од собраниските камери. Со сите овие усогласени и поврзани дејствија и активности обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, а притоа дел од пратениците и новинарите се здобиле со телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за продолжување на мерката куќен притвор за еден од обвинетите, додека за двајца обвинети предложи определената мерка притвор да биде заменета со мерка куќен притвор.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

(Видео) Заев за „крвавиот четврток“: На денешен ден си ја спасивме земјата од алчноста за власт

Објавено пред

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев денеска даде изјава по повод насилниот упад во Собранието, којшто се случи на денешен ден пред две години.

dobivaj vesti na viber

„Денешниот датум, 27 април е аларм кон што водат политиките на поделби и политиките на водење сметка само за лични интереси. На овој ден си ја спасивме земјата од злите намери на алчноста за власт. На овој ден, во домот на граѓаните ја одбранивме демократијата и застанавме на патот на автократијата“, рече Заев.

Тој истакна дека 27 април потсетува и на обврската, да не се дозволи никогаш да се повтори газењето врз човековите права и слободи.

„27 април потсетува на нашата одгворност крвта пролеана за да се запре злото, да ја замениме со граѓански глас кој повикува да одиме напред. Ова се времиња кога заедништвото и прогресот се единствената опција која и носи добро на нашата земја. Тоа треба да го потврдиме, со изразена силна граѓанска волја и свест дека нашиот единствен пат е напред“, рече Заев.

Првиот човек на Владата додаде дека народот секогаш носел исправни одлуки, а гласот на граѓаните е слушнат и е разбран.

„Сега е потребно секој да ја извади решителноста од себе и да постапи совесно, за доброто на своите деца и за добрата иднина на родната земја“, додаде Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија32 минути

Бислимоски: Ако не се постави цевководот на мостот „Беласица“, ќе имаме ценовно цунами со парното греење во Скопје

Скопјани ќе плаќаат повисока цена за парно греење ако не се стави цевковод на опожарениот мост „Беласица“. Претседателот на Регулаторната...

Македонија2 часа

35-годишен маж загина во пожарот во зградата во Хром

Триесет и петгодишен скопјанец е пронајден изгорен во стан во пожарот што избувна утрово во скопската населба Хром. Според информациите...

Македонија3 часа

Бугарија јавно ќе ги објавува имињата на сите македонски граѓани што извадиле бугарски пасоши

Бугарските пратеници со 180 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан на прво читање гласаа за измените во Законот...

Македонија5 часа

Беќаровски за забраната од Хрватска: Пиперките што се продаваат на нашите пазари се со многу поголема концентрација на пестициди

Во врска со оспорената пратка на пиперки во Хрватска, која вчера беше потврдена и од страна на Агенцијата за храна...

Македонија5 часа

Отворена закана на Стојанов до Македонците во Пустец: „Ќе ви ги одземеме пасошите ако не се пишете Бугари“

Претседателот на бугарската фондација Македонија Виктор Стојанов упати закана до Македонците од Пустец предупредувајќи ги дека ако не се попишат...

Македонија5 часа

Во дворските игри и дилови Мицкоски да не не меша, сам да си ги решава кавгите, велат од СДСМ

„ДПМНЕ се распаѓа. Внатрешни кавги, дворски игри, обвинувања и препукувања. Големи се внатрепартиските проблеми во ДПМНЕ и анти ЕУ кампусот....

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија не владее правото, туку владее мафија, криминалот и корупцијата се главниот приоритет на владата

Во Македонија не владее правото, туку владее мафијата. Во Македонија криминалот и корупција се основниот приоритет на владата на СДС...

Регион7 часа

Габриел Ескобар: Не е точно дека САД не сакаат Срби во новата влада на Црна Гора

Специјалниот американски претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека Вашингтон очекува новата црногорска влада да биде проевропска и реформистичка...

Европа7 часа

Зеленски по средбата со Бајден: Токму тоа им треба сега на нашите војници

Американскиот претседател Џо Бајден му рече синоќа на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека САД ќе ја задржат силната поддршка за...

Свет7 часа

Криптоменувачница во Хонг Конг под истрага, користеле инфлуенсери и измамиле илјадници луѓе

Полицијата во Хонг Конг ги истражува наводите за измама против платформата за тргување со криптовалути, JPEX, кога инвеститорите се пожалија...

Европа7 часа

Експлозија во руски град, илјадници луѓе без струја

Најмалку 5.000 дома останаа без струја во рускиот град Тула, јавува руската режимска агенција РИА. Се наведува дека имало „тен...

Свет7 часа

(Видео) Се преврте училиштен автобус во САД, двајца загинати

Автобус со членови на средношколски оркестар на екскурзија во музички камп излета од автопат по стрмен насип во државата Њујорк...

Регион8 часа

Милановиќ ги повика ОН да го признаат Косово; Вучиќ: Жабата виде дека коњот се потковува…

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера се потсмеваше на повикот на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој побара на Генералното...

Топ17 часа

Mалолетничка е жртвата на тинејџерот од Скопје кој ја прегази возејќи брзо украден автомобил и без дозвола

МВР објави детали за настанот од 30 август, кога 18-годишен скопјанец прегази девојче возејќи брзо, без дозвола и со украден...

Македонија18 часа

Мицкоски би бил најсреќен ако ме удри трамвај во Будимпешта, вели Груевски

Влијание врз пратеници од моја страна немало. ВМРО-ДПМНЕ треба аргументирано да и се спротивстави на Бугарија. Мицкоски раскажува дека ако...

Регион20 часа

Косово врие од лажни евро монети – уапсени и лица од Македонија кои внеле над 10.000 такви монети во Приштина

Келнерите во едно кафуле во Приштина се откажаа од проверката дали монетите од две евра се оригинални или не, бидејќи...

Македонија21 час

Уставниот суд пресече за преспанскиот договор: „Донесен е во согласност со Уставот“

Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за преспанскиот договор, со кој се стави крај на долгогодишниот спор за уставното...

Македонија22 часа

Груевски до членството: Тргнете се од ботовите и платените пропагатори

Експремиерот Никола Груевски порача до членството да се оддалечат од ботовите и платените пропагатори, коментирајќи дека има многу начини да...

Македонија1 ден

Отровен пестицид во пиперки увезени од Македонија откриен во Хрватска

Забранет отровен пестицид е откриен во зеленчук увезен од Северна Македонија, објави Европскиот систем за брзо предупредување за сообраќај со...

Македонија1 ден

„Гардијан“: Северна Македонија и Србија имаат најзагаден воздух во Европа

Европа се соочува со голема јавно здравствена криза бидејќи речиси сите Европејци живеат во области со опасни нивоа на загаденост...