Македонија
Се запали автомобил во кој се превезувал гласачки материјал од Гостивар кон Скопје
Автомобил со кој се превезувал гласачки материјал се запалил во движење. Настанот се случил рано утринава, на автопатот Гостивар – Скопје. Од МВР велат дека гласачкиот материјал не е оштетен и истиот безбедно е доставен до Државната изборна комисија.
„Настанот се случил околу 4:30. Во СВР Тетово е пријавено дека моторно возило ‘форд транзит’ со гостиварски ознаки, управуван од 35-годишен гостиварчанец, во непосредна близина на наплатната станица во Тетово се запалило во движење. Внатре се наоѓале пет членови на општинската изборна комисија во Гостивар кои го носеле избирачкиот материјал во Скопје. Тој не е оштетен. Повикано е друго возило во кое е префрлен и пренесен во Државната изборна комисија“, велат од МВР.
Засега не се утврдени причините за пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од 1 јануари повисоки сметки за струја, РКЕ објави за колку ќе поскапи
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) информира дека изврши корекција на доставената предлог одлука за финалната цена од страна на универзалниот снабдувач ЕВН Хоме.
Од 1 јануари 2026 година наместо предложеното зголемување од 7,66 % што ЕВН ХОМЕ го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45 % . Во втор блок цената ќе се зголеми за 2,87%, додека предлог зголемувањето на ЕВН ХОМЕ е 8,54%. Во трет блок цената ќе се зголеми за 3,32% иако беше предложено да има зголемување од 9,63% и во четврт блок зголемувањето е 3,84 %, наместо предложените 11,86%.
Во однос на евтината тарифа, ЕВН Хоме предложи зголемување за 3,96%, додека РКЕ одлучи истата да се корегира за 2,50%.
„Водејќи се од начелото на транспарентност и имајќи го во предвид јавниот интерес кога се во прашање цените на енергијата и енергенсите кои РКЕ ги регулира или контролира, како и до сега така и денес ги споделуваме во детали одлуките, односно во конкретниот случај одлуката за ЕВН ХОМЕ. Регулаторните анализи покажуваат дека сметките на домаќинствата кои користат електрична енергија во прв и втор блок ќе се зголемат за 2,59 %, додека оние кои што имаат потрошувачка и во трет блок – сметката ќе се зголеми за 2,79%“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
РКЕ оценува дека ЕВН Хоме го има применето тарифниот систем, но во предлог – одлуките за нови цени и распоредот на трошоците по блокови не е применет клучниот регулаторен принцип, а тоа е урамнотежување на интересите на вршителите на енергетски дејности и корисниците, односно потрошувачите.
Од РКЕ велат дека регулаторот има за цел да дефинира крајни цени што ќе гарантираат услови за непречено снабдување со електрична енергија, при што внимава да се заштитат потрошувачите од ценовен шок. Податоците покажуваат дека вкупно 64% од потрошувачите имаат потрошувачка во првиот блок, додека скоро 21 % им се тарифира и во втор блок, додека третиот блок го користат 1,73 % од потрошувачите.
Македонија
Магла и намалена видливост од Тетово до село Гајре
Поради појава на магла, се бележи намалена видливост од 40 метри од Тетово до с. Гајре.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Од 15.11.2025 година почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.3.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова осебено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Видео) Цветановски: Нема поголема минимална плата, доаѓаат т.н. економски работници
Сега на сите им е јасно дека поголема минимална плата нема да има. Владата на Мицкоски нема пари за минимална плата, нема пари ниту за земјоделците ниту за пензионерите. Очигледно, сите ќе мора да се навикнат на тоа дека повисоки плати нема да има. Доаѓаат таканаречени економски работници, изјави Симона Цветановски од СДСМ.
Таа вели дека според договорот што го објавиле британските медиуми, државата има обврска да им обезбеди плати, сместување, осигурување и дека мора да им се плаќа, без разлика дали има или нема работа.
„Затоа нема да има пари за поголеми плати за работниците, ниту пари за поголеми пензии за пензионерите. Не, тоа не се мигранти, ова се ‘економски работници’. Токму затоа и го сменија Законот за странците. Со измените се олеснуваат условите за доаѓање, престој и работа, се скратуваат процедурите, се продолжува времетраењето на дозволите и се создава правна рамка за долгорочно задржување во државата. Ако има ‘стратешки парнер’ секако“, рече Цветановски.

