Контакт

Македонија

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Објавено пред

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи побара да биде приведен и донесен со полиција на следното рочиште.

На судењето требаше да сведочи експретседавачот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, кој исто така не се појави на судењето.

Поранешниот премиер Никола Груевски доцнеше 15 минути на рочиштето.

Во овој предмет за еден обвинет, инспекторатот констатирал дека лекари утврдиле пропусти при издавање на боледувањето.

Обвинети во случајот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, и уште девет лица.Тие се товарат за поттикнување насилство, кое се случи за време на протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Црно ѝ се пишува на македонската економија со Заев како министер за финансии

Објавено пред

Државата е во опасност кога со нејзиниот буџет директно управува аболиран криминалец како Зоран Заев, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„На македонската економија црно и се пишува, сега откако Заев се самопрогласи за министер за финансии. Човек кој еднаш е аболициран за економски криминал, а вториот пат амнестиран од заробеното судство исто така за економски криминал не смее да му се дозволи да управува со државната каса. Кланот Заеви, познат по матните зделки сега е еден чекор поблиску до парите на граѓаните, еден чекор поблиску до државниот буџет“, смета опозицијата.

Од партијата додаваат дека власта манипулира со најавите дека парите ќе се вратат кај граѓаните преку повратот на ДДВ.

„Со повратот на ДДВ ќе неможе да се плати ниту сметка за струја, а не пак 500 евра како што ветуваше Заев.
Благодарение на повратот на ДДВ, според потрошувачката кошничка едно просечно четиричлено семејство ќе добие само 156 денари месечно или 1.872 денари во годината. Што значи дека на едно семејство ќе му бидат потребни 16 години за да ги добие назад 30–те илјади денари кои ги ветуваше Заев. Очигледно е дека од оваа мерка единствено корист ќе имаат најбогатите“, нагласуваат од опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека на македонските граѓани им се потребни вистински проекти и мерки, кои ќе го подобрат животниот стандард, а на повеќе од 500 илјади граѓани кои живеат со еден оброк на ден им е доста од, како што велат, погубните политики на власта.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја повеќе делови на Скопје

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека утре планирани се следните технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје поради што без електрична енергија ќе останат:

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот дел од корисниците на ул. Сливовска, ул. Пресека, ул. Був, ул. Бабуна, ул. Владимир Каваев (опш. Карпош) како и дел од с. Долно Соње (кон Брзоец) (опш. Сопиште),

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците од с .Ново село (околу спортската сала) (опш. Ѓорче Петров), дел од с. Долно Лисиче, делот кон с. Јурумлери, делот кај Расадникот (опш. Аеродром), како и Водовод Јурумлери, дел Драчево кон Јурумлери, Графо Хартија, Вип Драчево (опш. Гази Баба и Кисела Вода)

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Вардар, Скопје, МТВ

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град. Ќе дува умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а максималната од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје и околината слично време со минимална температура до 18 степени и дневна до 31 степен.

Од УХМР посочуваат дека до утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Наредните денови времето ќе биде претежно сончево, а од петок ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Иран: САД го затвори патот на дипломатијата засекогаш

Техеран порача дека со воведувањето на нови американски санкции кон ирански претставници значи постојано затворање на патот на дипломатијата меѓу...

Свет2 часа

Русија се враќа во Советот на Европа

Русија доби поддршка од Парламентарното Собрание на Советот на Европа, по неколку години да се врати во тоа тело, пренесе...

Македонија17 часа

Герила акција: Скопските дрвја во синџири

О2 иницијативата во соработка со Институтот за комуникациски студии спроведе герила акција со цел да укаже дека е неопходна слобода на...

Топ18 часа

Две лица се обиделе да запалат кафуле во Лисиче

Синоќа во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред кафе бар на улицата „Горно Лисиче“ во Скопје две...

Македонија18 часа

Тројца стружани со државни пари точеле гориво во своите приватни возила

Полицијата поднесе кривична пријава против три лица од струшко кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување. Од МВР...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов направи храбар чекор и ѝ кажа „не“ на неработливата и криминална Влада

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата заменик-министер за образование. „ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на...

Македонија20 часа

Јанкулоска не оди во затвор, Врховен ѝ го прифати барањето за одлагање

Врховниот суд ѝ го прифати барањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за одлагање на извршувањето на казната...

Македонија22 часа

Атанасов до Заев: Поднесувам оставка

Заменик-министерот за образование, Петар Атанасов, на „Фејсбук“ му се обрати на премиерот Заев порачувајќи му дека поднесува оставка од функцијата...

Топ24 часа

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесет и седумгодишен маж од село Скудриње вчера почина кога бил поклопен од неговиот камион ТАМ. Несреќата се случила кога...

Регион1 ден

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува...

Регион1 ден

(Видео) Во Банат падна град со големина на тениско топче

Само во Белград во попладневните часови за помалку од еден и пол час падна повеќе дожд од просекот за овој...

Регион1 ден

(Видео) Белград под вода, бликнаа ,,фонтани” на улиците

Невреме проследено со пороен дожд, а во некои места и град со големина на тениски топчиња, го погоди северниот, западниот...

Свет1 ден

Ердоган и ја честиташе победата на опозицијата, на улиците еуфорично се славеше

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја честита на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу победата на повторените избори за...

Македонија2 дена

,,Октомври е близу, наскоро ќе добиете датум”, порача Вајгл

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот...

Топ2 дена

Трагедија во Битола – ја убил сопругата, по што се застрелал

Убиство и самоубиство се случи попладнево во Битола. По расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одземал животот....

Регион2 дена

Топлотен бран и се заканува на Европа со температури над 40 степени

Европејците следната недела ги очекува топлотен бран со температури кои ќе достигнат над 40 степени, кои се невообичаени за јуни,...

Македонија2 дена

Нови министри во Владата се Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, го соопшти предлогот со имињата за нови министри како дел од реконструкцијата на Владата...

Македонија2 дена

(Видео) За 24 часа регистрирани два случаи на незаконско исфрлање медицински отпад

Инспекторатот на град Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по дојава од граѓани, на 20.06.2019 и 21.06.2019 извршија вонреден...

Македонија2 дена

Заев ќе биде и министер за финансии и премиер

Премиерот Зоран Заев го соопшти предлогот на новите имиња на министри, што ќе го достави до Собранието во текот на...

Македонија2 дена

(Видео) Учесниците на Парадата на гордоста ќе бидат безбедни, гарантира МВР

Организаторите на првата парада на гордоста која треба да се случи идниот викенд во Скопје, заедно со портпаролот на МВР,...

Досие