Македонија
Се разгледуваат три опции во врска со Универзалната сала
Претставници на државни и културни институции, здруженија на граѓани од областа на културата, спортот и архитектурата денеска разговараа за моменталната состојба во која се наоѓа Универзалната сала, за нејзината иднина и за потребите на фелата и на публиката, на трибина што се одржа во просториите на МКЦ, а во организација на Град Скопје.
На трибината присуствуваше и градоначалникот Петре Шилегов, кој ги слушна идеите и мислењата на присутните.

Модераторот на трибината, советникот во Советот на Град Скопје, Васко Лазаревски, на почетокот предочи дека од Градот се разгледуваат 3 опции во врска со Универзалната сала – постојната сала да се реизгради на истото место; да се изгради нова сала на нова локација или во исто време и да се обнови стариот објект и да се гради нова сала.
„Немам цврст став која од трите понудени опции е најдобра. Но, ова е одлична можност да се слушне ставот на луѓето кои ќе ја користат, за да одговориме на прашањето што точно ни треба“, рече Русе Арсов, директор на Младинскиот културен центар (МКЦ).
Според Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за развој на културата, понудената визија на градоначалникот да се зборува за нова локација и нов функционален простор е смела и треба да се поддржи.

„Креирањето на кандидатурата за Европска престолнина на културата 2028 ќе го стави Скопје во еден нов антипод на културната политика која е во склад со европските и светските политики“, рече тој.
„Универзалната сала е симбол на солидарноста каква што е сега, но дали на културната јавност ѝ е потребен таков објект – сигурно не. Во градот итно треба да се смени мислењето за просторот, ние со оваа Универзална сала, која е руинирана, ги едуцираме нашите деца на лоша урбана култура. Овој објект не смее да остане долго ваков, зашто Универзалната сала за нас архитектите и за македонската архитектура нема значење “, посочи Мартин Пановски, од Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
Мирко Попов од ПМГ Колектив кажа дека сегашната Универзална сала е „ругло на градот“, дека треба да се урне и да се изгради нов објект според најновите стандарди за организирање културни настани.

Според директорот на Универзалната сала, Филип Аврамчев, потребна е нејзина реставрација, но и изградба на нова сала за концерти.
„Две години сум директор на нефункционален објект. На Скопје му фали Универзална сала, но повеќе му фали концертна сала. Мојата идеја е што побрзо да ја реставрираме Универзалната сала, но и да изградиме нова сала за концерти“, рече тој.
Архитектот Ангел Ситновски е на ставот дека граѓаните треба да одлучат дали да се реконструира постојната сала и дали да се гради сала на друго место, архитектите треба да понудат решенија, а Градот да обезбеди финансиски средства.

Својот став по ова прашање го изрази и Оливер Белопета, од Скопскиот џез-фестивал.
„Сум организирал најмногу настани во Универзалната сала. Уште од 90-тите апелирам да се реши проблемот со ‘лименката’ и да се реши недостигот од летна сцена во Скопје. На Скопје му треба концертна сала со овој капацитет и тоа што побрзо. Тоа треба да го оставиме на стручната екипа во Градот, да одлучат дали има адекватен проект за сала на тоа место“, рече Белопета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

