Македонија
„Се тресеше силно и беше страшно“ – земјотресот ги вознемири жителите на Тетово и Гостивар

Земјотресот од 3,3 степени, што утрово во 10.24 часот го погоди реонот на Тетово и Гостивар, беше почувствуван од жителите во овие населени места.
Сведочат дека потресот траел неколку секунди и се чувствувал силно.
„Се чувствуваше силно и траеше неколку секунди“, „Силно се тресеше“, „Беше навистина страшно“, „Се исплашив“, „Добро го почувствувавме, мониторите и опремата ни се тресеа“, „Бев на работа и почувствував потрес“ – ги споделуваат своите искуства тетовци и гостиварци.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 13 километри од Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека на ден 08.05.2025 година ( Четврток ):
· Поради уличен дефект на ф 65 мм на бул, Партизански Одреди бр.63, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Борка Талески и Зграда бр,63 на бул Партизански Одреди од 22:00 часот до завршување.(општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови од земјата, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во сабота повремено засилен северен ветер. Во недела попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати и официјално го отвори 37-миот Саем на книгата 2025, најголемиот книжевен настан во земјава којшто под мотото „Храна за душа“, се одржува од 8 до 14 мај во Скопје.
Таа нагласи дека токму Саемот е обид за културен натпревар на народите и рече „со писателите и поетите како сојузници, ние сме подготвени за културен натпревар во Европа и во светот“.
Претседателката потсети на фактот дека иако не сме дел од ЕУ, наши автори биле во 10-те наградени: Гоце Смилевски, Лидија Димковска, Петaр Андоновски и Ненад Јолдески. „Тоа е нашиот доказ дека ние културно отсекогаш сме биле дел од Европа“, рече таа и повика на културен, а не на некултурен натпревар.
Укажувајќи дека културата, образованието и науката се полиња на рамноправност, каде што нема мали и големи, Сиљановска-Давкова рече дека откажувањето од читање, значи откажување од размислување и ако така продолжиме, тоа ќе не доведе до духовен и интелектуален банкрот.
Сиљановска-Давкова истакна дека младите треба не само да читаат, туку и критички да размислуваат и повика на создавање на „Дом на книгата“, како трајно културно засолниште за идните генерации.
Прогласувајќи го Саемот за книгата за отворен таа го цитираше и Петре М. Андреевски кој нè предупреди дека, ако го загубиме односот кон книгата, ќе го загубиме човечкиот идентитет.