Македонија
Се чекаат дваесетмина туристи од Сингапур и Јапонија, засилени мерки за коронавирусот
Група од дваесетмина туристи од Сингапур и Јапонија со автобус се очекува да пристигнат во Македонија преку граничниот премин Деве Баир, извести денеска министерот за здравство, Венко Филипче. За пристигнувањето на туристите што доаѓаат од Романија, каде што има регистриран случај на коронавирус, Министерството било информирано од наша туристичка агенција.
„Известен е локалниот центар за јавно здравје, кој ќе го пречека автобусот. Патниците ќе бидат детаљно интервјуирани, а по потреба и прегледани. Тие доаѓаат од Романија, каде што има веќе регистриран случај, и тоа е причина да бидеме повнимателни“, рече министерот Филипче.
Во изминатото деноноќие немало нови тестирани на коронавирус, а кај единствената пациентка кај која беше потврден вирусот се чека контролен тест откако тестот вчера покажа дека кај неа нема повеќе коронавирус.
„Нејзниот контролен тест е негативен, но за тоа да се потврди, треба да поминат 24-48 часа, тоа ќе го направиме денес или утре. Доколку контролниот тест е негативен, таа не е инфективна, не може да ја пренесе болеста“, објасни министерот Филипче.
Патниците што биле со неа во комбето, возачот, како и лицата со кои била во контакт, а сега се во изолација, министерот Филипче вели дека се здрави. Епидемиолозите прават визита кај нив секој втор ден.
Странците кои неколку дена биле сместени во хотел во центарот на Скопје се негативни на вирусот. Вчера, по тестовите, биле прегледани и со соодветна терапија за нивната состојба биле пуштени од Клиниката за инфективни болести.
Од вчера сите странци што доаѓаат во земјата, во моментот кога ќе се вклучат на некоја од нашите мобилни мрежи, добиваат порака со податоци каде да се јават доколку почувствуваат симптоми на болеста. Истите податоци во форма на летоци им се делат на патниците на сите гранични премини.
Министерот информираше дека бројката на заболени во Европа се искачи на 5.000 лица, а прв потврден случај на заболен од коронавирус е регистриран во Србија. Италија размислува поради коронавирусот да го затвори и регионот Пјаченца, а одлуката ќе ја донесат денес или во текот на викендот. Македонските власти се во постојан контакт со одговорните за справување со коронавирусот во околните земји и во Италија од каде е можно групи наши државјани кои работат таму да се вратат во земјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

