Контакт

Македонија

СЗО во Македонија достави носачи на вакцини и реагенси за секвенционирање вируси

Објавено пред

Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија денеска до Министерството за здравство/Институтот за јавно здравје достави пет носачи на вакцини и 1250 тестови и реагенси за секвенционирање вируси, во рамки на тековниот одговор на Ковид-19.

Целта е да се придонесе за ефективен одговор на Ковид-19 во земјава.

Како интегрален дел на складирањето на вакцините во ладен синџир, носачите на вакцини претставуваат кутии со изолација што се користат за транспорт на вакцини и разредувачи до локации на терен, како и за привремено складирање во текот на изведувањето на имунизацијата во здравствените установи, со што се одржува потребната температура за складирање и се задржува квалитетот на вакцините.

Џихан Тавила, претставничка на СЗО во Северна Македонија, истакна дека подобрувањето на инфраструктурата на ладниот синџир ќе помогне вакцините што спасуваат животи, како вакцините против Ковид-19, така и редовните вакцини, да стигнат до оние на кои им се најпотребни.

„Покрај ладниот синџир, СЗО ги поддржува и сите други аспекти за зајакнување на имунизацијата, вклучително и градењетo на капацитетите на работниците во јавното здравство, здравствените работници кои ја вршат вакцинацијата, педијатрите, матичните доктори и останатите здравствени работници, преку прилагодени курсеви за обука за вакцинацијата“, додаде Тавила.

Таа ги охрабри сите целосно да се вакцинираат и да се придржуваат на јавноздравствените и социјалните мерки, бидејќи, како што рече, сите тие се од клучно значење за завршувањето на пандемијата и забрзувањето на закрепнувањето на глобално ниво.

Набавката на опремата и имплементацијата на проектот се поддржани од Германија и Центарот за превенција и контрола на болести на САД

Македонија

Во Македонија потврдени 490 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица

Објавено пред

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за здравство.

Направени се 3.073 тестирања, а регистрирани сe 201 оздравен пациент.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 4 од Скопје (83, 80, 78 и 66), 3 од Куманово (93, 69 и 48), 2 од Прилеп (79 и 35) и по едно починато лице од Струмица (67) и Радовиш (79). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 3 починати лица со датум на смрт од 13.10.2021 до 19.10.2021 година. Регистрирани се три починати лица од Крива Паланка, Куманово и од Гевгелија на возраст од 52 до 95 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.354.533 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.646 бројката на оздравени пациенти е 185.660, на починати е 7.012, а бројот на активни случаи изнесува 5.974.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шахпаска – Ди Џовани: Воспоставување нов центар за деца со аутизам е врвен приоритет

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, и претставничката на УНИЦЕФ во земјата, Патриција ди Џовани, денеска одржаа работна средба, на која се зборуваше за можна соработка во процесот на отворање нов дневен центар за деца со аутизам за кој МТСП веќе обезбеди простор во Скопје.

„Поддршката од УНИЦЕФ како наш долгогодишен партнер во областа на социјалната и детската заштита би била од големо значење за реализирање на овој проект. Во согласност со нашите анализи, воспоставувањето дневен центар за деца што се соочуваат со аутистичен спектар е повеќе од потребно. Секоја помош и секоја поддршка се добредојдени. Верувам дека заедно со УНИЦЕФ ќе ги обезбедиме најсовремените модели и искуства од развиените земји, кои би ги примениле и кај нас“, рече Шахпаска.

Дневниот центар за аутизам би бил оформен според најсовремениот модел во кој ќе се практикува сеопфатен пристап за личен развој и рехабилитација, кој вклучува специјализирани третмани и услуги на децата со аутистичен спектар на нарушување. Пристапот би бил индивидуален во согласност со нивните потреби, но ќе им дава и поддршка на родителите на децата со аутизам. Министерката Шахпаска информира дека Министерството ќе се заложи и за зајакнување на постојниот Центар за деца со аутизам во Штип.

На средбата стана збор и за вклучување на децата со оштетен слух и тешкотии во говорот во детските градинки. Тоа предвидува и обезбедување употреба на знаковен јазик за да може децата да бидат вклучени активно во предучилишниот воспитно-образовен процес.

Од страна на претставничката на УНИЦЕФ, Ди Џовани, беше посочено дека ќе биде обезбедена најсоодветна поддршка за реализирањето на дневниот центар за аутизам и за инклузија на децата со оштетен слух и тешкотии во говорот.

На состанокот се разговараше и за текот на процесот на воведување на методологијата препорачана од СЗО за процена на состојбата и потребата на лицата со попреченост, Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба Џафери-Никола: Позитивно оценет Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија и Албанија

Објавено пред

За време на Европската конференција на претседатели на парламенти, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, и новоизбраната претседателка на Собранието на Република Албанија, Линдита Никола, остварија протоколарна средба.

Честитајќи и за изборот на функцијата, Џафери изрази надеж дека одличната парламентарна соработка ќе продолжи да се развива и унапредува и во наредниот период. Во продолжение на разговорот, соговорниците разменија информации за актуелните случувања во двете земји, при што, Џафери информираше за процесот на локалните избори, за кои рече дека се спроведуваат според највисоките меѓународни стандарди и изрази уверување дека во иста фер, мирна и демократска атмосфера ќе помине и претстојниот втор круг на 31 октомври.

Двајцата претседатели се осврнаа и го поздравија позитивниот извештај на Европската комисија за напредокот на двете држави за 2021 година, презентиран минатата недела од страна на комесарот за проширување Оливер Вархеји пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

На крајот на средбата, Џафери упати покана до новоизбраната претседателка Никола да ја посети Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Во Македонија потврдени 490 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за...

Топ50 минути

Жена загина во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

Четириесет и петгодишна жена загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Скопје – Тетово. Според информациите на...

Македонија3 часа

35 Авганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде што ќе добијат траен престој

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште, информираа...

Македонија5 часа

Единствениот лек против Ковид-19 ќе биде достапен и во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19. Министерството стапило во контакт...

Европа5 часа

(Видео) Силно невреме ја парализира Западна Европа – 250.000 луѓе во Франција останаа без струја

Околу 250.000 француски домови останаа без струја, а поради силните ветрови сообраќајот е во прекин во делови од северна Франција,...

Македонија7 часа

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале над 2.000 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286...

Топ8 часа

Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје...

Свет8 часа

(Видео) Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во...

Свет9 часа

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена Truth Social, откако во јануари беше...

Свет9 часа

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгото затворање поради Ковид-19 во светот, иако бројот на случаи сè...

Економија20 часа

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Свет22 часа

Ужас во Франција – пронајдено обезглавено тело на маж со извадена утроба

Тело на маж без глава и отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс...

Македонија23 часа

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес-конференција од лани кога исто така лажеше дека ја...

Македонија24 часа

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа...

Топ1 ден

Со ремен ја тепал сопругата, замавнал со нож кон ќерката, гостиварец вршел семејно насилство

43-годишен гостиварец е обвинет за семејно насилство, информираа надлежните. Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен гостиварец за...

Македонија1 ден

Починати 15 лица, регистрирани нови 487 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.491 тестирањe,...

Македонија1 ден

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа...

Македонија1 ден

Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата...

Свет1 ден

Во Израел откриена мутација на делта-сојот од коронавирус, момче сместено во карантин

Израел го потврди првиот случај со мутација на делта-сојот на коронавирус, кој претходно беше откриен во некои европски земји, објави...

Македонија1 ден

Со една доза вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст

Заклучно со 17 октомври со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст. Кај...

Досие