Македонија
Силјановска Давкова: Македонскиот јазик има вековен континуитет, неразделен од развојот на македонскиот народ и македонската нација
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/Gordana-Siljanovska-Davkova.jpg)
„Честопати го цитираме Блаже Конески со неговата непресушна инспирација дека јазикот е нашата татковина. Таа татковина, јазикот, македонскиот јазик има вековен континуитет, неразделен од развојот на македонскиот народ и македонската нација“, истакна пратеничката Гордана Силјановска Давкова денес од собраниска говорница.
„Вчера бев восхитена од изјавата на познатиот бугарски преведувач на современа македонска литература, Пламен Тотев, инаку добитник на Рациновата награда и добитник на т.н. награда Дедалова, значи македонски Дедал. Тој рече дека неверојатно ужива во читањето и споредувањето на македонската и бугарската белетристика, и дека во македонскиот јазик препознава и признава европски тенденции од зачетоците до денеска“, појасни пратеничката.
Силјановска Давкова додаде дека тоа е она што таа го нарекува добра волја и се додека се слушаат вакви изјави има надеж за меѓусебно разбирање.
„За жал, сосема спротивно од него, претседателот кој што си замина на Собранието го презентираше Извештајот за неговата работа иначе Извештај отпечатен од Собранието прво е напишан на албански јазик, а потоа на македонски јазик. Не очекувам од него уставен патриотизам, меѓутоа очекував почитување на Уставот и на Рамковниот договор“, нагласи таа.
Таа посочи дека во Уставот и Рамковниот договор пишува дека македонскиот јазик е службен јазик на целата територија и во меѓународните односи.
„Во далечната 1998 година е донесен Законот за македонски јазик, а законите се разбира дека треба да ја пратат живата материја, јазиците се развиваат. И ако забележуваме во периодот 2006-та по ратификацијата на Конвенцијата за заштитата на духовното нематеријално наследство и топонимите да додадам, а таков е и македонскиот јазик, мислам дека беше време навистина за измени“, појасни Силјановска Давкова.
Таа тврди дека многу подобро е членовите на Советот за македонски јазик да се регрутираат од најважните институции за заштита и практикување на македонскиот јазик. Исто така сами да се бираат, да го бираат претседателот, а не тоа да го прави Владата.
„Исто така би сакала да напоменам дека немам разбирање за бегањето од поимот, терминот македонистика. Бидејќи како што има во сите јазици наука што го штити јазикот, така и македонскиот јазик ги штити македонистиката“, укажа пратеничката.
„Она што го направивме е еден голем чекор напред бидејќи секојдневно се соочуваме со непочитување на македонскиот јазик во државните институции, и мислам дека овој закон ќе не усмери на потребата и нужноста од негово почитување“, истакна Силјановска Давкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.