Македонија
Силјановска-Давкова: Да не имаме нов кластер по викендот без ДДВ, ги туркаме луѓето кон моловите, а ги бркаме од рестораните
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова, коментирајќи ја мерката за викенд без ДДВ, од собраниската говорница порача дека во услови кога се зголемува бројката на заболени од коронавирусот постои опасност по завршувањето на пазарењето по моловите да се соочиме со нов кластер на шиерење на коронавирусот.
„Не можам да разберам која е итноста од носење на оваа мерка и дали навистина ни е потребна во овој период? Си го поставувам прашањето и дали е консултирана Комисијата за заразни болести за оваа мерка. Но, како и да е консултирана, ќе мора да се помириме со таа политичка одлука на Владата под изговор дека се работи за антикризна мерка. Сме станале демократски декор, значи Владата не ја контролираме ние, туку таа нè контролира нас.
Сега се ставаме во ситуација да ги бркаме луѓето од рестораните и кафулињата, а да ги туркаме кон моловите. Ме плаши оној синдром на црн петок, но овој пат може да имаме црна сабота по овој викед без ДДВ. Да не се соочиме со нов кластер по викендот без ДДВ“, рече пратеничката Силјановска Давкова.
Таа рече и дека изменувањето на законот за враќање на ДДВ кон физичките лица се коси со правните прописи и норми.
„Законите секогаш треба да важат erga omnes кон сите и имаат неограничено правно дејство. Законот не може да важи една година, закон не може да важи еден месец. А, не може да важи пак никако три дена. Правно спорно е што овој закон влегува во сила со денот на објавувањето. Само Уставот влегува со денот на објавувањето, а може по исклучок Собранието да одлучи веднаш, ама која е итноста од ваков закон “,додаде Силјановска Давкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

