Македонија
(Видео) Силјановска, Ѓорчев и Илија Димовски меѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претседател
ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на пријавените кандидати за претседател на државата. До партијата стигнале 10 пријави, а една била отфрлена затоа што била поднесена по истекување на рокот.
За кандидати за претседател се пријавиле Никита Шектуковски, доктор по математички науки и професор на ПМФ, Ѓорги Манасков -машински инжинер, Васко Костов – фармацевтски техничар, Влатко Ѓорчев – пратеник и член на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова – професор на Правен факултет, Филип Петровски – доктор по политички науки, Илија Димовски – професор во пензија на Шумарски факултет, Горан Ангелов – пратеник и ексградоначалник на Виница, Сашо Кутлешоски -доктор по земјоделски науки.
Пријавените кандидати од 6 до 16 февруари ќе направат презентација на нивната програма во општинските комитети.
„Ние ќе го поддржиме кандидатот кој ќе победи на конвенцијата. Повикуваме да ги освојат срцата на сите граѓани. Тој што ќе победи треба да нè сплоти”, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, за информацијата дека се фаворизира Силјановска.
Тој уште еднаш ја повика власта да распише предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со претседателските во април. Мисајловски не одговори дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на претседателските избори ако не се распишат парламентарни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

