Контакт

Избори 2019

Силјановска: Ќе се солидализирам со најсиромашните

Објавено пред

Кандидатот за претседател Гордана Сиљановска-Давкова синоќа се обрати пред граѓаните во Крива Паланка. Таа рече дека СДСМ и Зоран Заев ветувале многу проекти за граѓаните, но не исполниле ништо од тоа, додавајќи дека нејзин предизвик како иден претседател ќе биде решавање на проблемите на сите граѓани.

„За жал, оваа власт ветуваше битка со сиромаштијата, ветуваше дека ќе ги заштити најнезаштитените, најслабите, се колнеше дека ќе ја брани и ќе стори сè за социјалната држава. Ама заборави на тоа. И додека 40 проценти од граѓаните се борат за живот, за преживување, не мислам дека тие имаат свест за тоа. Тоа се истите оние луѓе кои се расфрлаат со автомобили, со мотори, со глисери. Тоа ли е социјалдемократија? Не, тоа не е тоа. Социјалната држава ќе биде нашата основна цел. Тоа е предизвик за секоја одговорна власт и јас најпрво ќе се солидаризирам со најсиромашните, оти 40 проценти граѓани е огромна заборавена бројка“, вели Сиљановска-Давкова.

Според неа, државата мора да биде неутрална, не партиска, потенцирајќи дека премиерот и министрите треба да работат на исполнување на ветените проекти, а не да агитираат и да присуствуваат и настапуваат на политички собири.

„За време на избори претставниците на власта не треба да се се присутни во медиумите, не треба да одат ниту, пак, да агитираат на политички собири, зошто тие ја претставуваат државата, а државата не треба да биде партиска. Државата треба да биде неутрална“, кажа Сиљановска-Давкова.

Сиљановска-Давкова во своето обраќање истакна дека од секојдневната средба со граѓаните слуша и гледа голема недоверба во владата на СДСМ и во институциите, додавајќи дека оваа недоверба може да заврши со нејзината победа на претседателските избори на 21 април и 5 мај, а потоа и на предвремените парламентарни избори.

Според неа оваа влада најдобро се снаоѓа во криминалот, корупцијата и криминалот, а не во демократијата. Тие не умеат да пливаат во демократија, рече Сиљановска, умеат да пливаат само во богатство, корупција и криминал, во непотизам, во фамилијарна демократија, а таа тешко опстојува, затоа милам дека треба да си заминат.

Сиљановска-Давкова посочи дека секојдневното иселување на младите и образовни кадри од Македонија мора да заврши ветувајќи дека доколку таа победи нејзиниот кабинет ќе го сочинуваат врвни професионалци во својата област и стручни лица.

„Вреди да се инвестира во знаењето, дека нема поголема сила и моќ од знаењето, дека тие заслужуваат овде да го живеат својот сон“, нагласи Сиљановска-Давкова.

Посебен акцент Сиљановска-Давкова стави и на нејзините приоритети како идна претседателка на Република Македонија, а кои се дел од нејзината програма. Една од тие приоритети е токму и обраќањето пред Собранието со цел да им предочи ма пратениците и министрите за проблемите на граѓаните, додавајќи дека доколку оваа влада не ги реши проблемите, ќе дојде наредната влада која сета своја енергија, знаење и моќ ќе ги посвети за решавање на општото добро, а не на личното и колективното.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија4 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус, според извештајот проблем биле дебелината и високиот притисок

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија7 часа

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Македонија7 часа

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат...

Македонија8 часа

Се продолжува породилното отсуство додека трае вонредната состојба

Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба, ќе може да останат дома цело време додека...

Македонија9 часа

Со Ковид-19 заразена медицинска сестра од Клиниката за пулмологија

Во Куманово медицинска сестра, вработена на Клиниката за пулмологија, дошла на работа без симптоми, но вчера ѝ се појавила зголемена температура...

Економија9 часа

Ангеловска: Подготвени сме за најлошото сценарио за буџетот, работиме да се случи најдоброто

Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции, да ги предвидат случувањата за време на кризата...

Македонија9 часа

Нов смртен случај на коронавирус во земјата, позитивна и починатата пациентка од Струга

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст...

Економија10 часа

Ангеловска: Каматите на кредитите не може да бидат укинати, банкарскиот сектор треба да биде стабилен

Банките ќе пресметуваат камати на одложените кредити за да се овозможи нормално функционирање на банкарскиот сектор. Министерката за финансии, Нина...

Свет10 часа

Речиси 2.500 туристи ќе тужат скијачки центар во Австрија поради коронавирусот

Речиси 2.500 туристи спремаат тужба против ски-центарот Ишгл во Австрија поради лошо постапување за време на епидемијата на коронавирусот и...

Свет11 час

(Видео) Во Лондон за пет дена направена болница за 4.000 пациенти

Британската агенција за јавно здравје со помош на војската за пет дена ја претвори конференциската сала „Ексел“ во Лондон во...

Македонија12 часа

Министерството за здравство со совети како да го заштитиме менталното здравје во време на коронавирус

Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки што докажано го забавуваат ширењето на Ковид-19 и ни помагаат да го заштитиме...

Македонија12 часа

Починаа родилката од Охрид и нејзиното бебе

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, која...

Свет12 часа

За еден ден во Москва излекувани 45 луѓе од коронавирусот

Нови 45 луѓе, кои се излекувале од коронавирусот, се пуштени од болница во Москва изминатите 24 часа, соопштија градските власти....

Европа13 часа

Бројот на починати од Ковид-19 во Европа се искачи над 30.000

Европа изгуби над 30.000 животи во пандемијата на новиот коронавирус Ковид-19, од кои повеќе од една третина се во Италија,...

Европа13 часа

Уапсен терорист во Виена, се криел во старски дом

Во Виена е уапсен терористот што го барале руските власти, а кој се криел во старски дом. Руските власти издале...

Свет14 часа

Сто заразени на американски носач на авиони: „Не сме во војна, морнарите не мора да умрат“

Капетанот на американскиот наосач на авиони „Теодор Рузвелт“, на кој има повеќе од 4.000 членови на екипажот, побарал итна помош...

Свет14 часа

Русија испраќа медицинска помош во САД за борбата против коронавирусот

Русија ќе испрати во САД опрема за помош во борбата против коронавирусот, јавуваат руските агенции повикувајќи се на портпаролот на...

Регион15 часа

Бугарија, по еден ден, ја укина наредбата за носење маски

Бугарската влада, по само еден ден од носењето на одлуката, ја укина наредбата за носење заштитни маски на јавни места...

Свет15 часа

Во САД повеќе од 4.000 починати од коронавирус, Трамп најави две многу болни недели

Белата куќа објави нова процена дека во САД коронавирусот ќе одземе меѓу 100.000 и 240.000 животи доколку се почитуваат ограничувањата...

Досие