Македонија
„Системот е скап и неефикасен“ – ВМРО-ДПМНЕ смета дека најавениот транспорт ќе предизвика сообраќаен хаос
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека проектот за брз автобуски превоз во Скопје ќе предизвика сообраќаен хаос.
Во реакција, партијата наведува дека идејата на градоначалникот Шилегов оти ќе го сочува зеленилото при изградба на таканаречениот БРТ превоз не соодветстува со реалноста и е уште еден маркетиншки трик.
„Два метра под моменталните дрвја оди главната водоводна цевка за Скопје и при откорнување на дрвјата може да дојде до нејзино оштетување и пукање. Така откорнатите дрвја ќе се уништени и за ново зеленило ќе треба да се купуваат нови дрвја“, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата е децидна дека зелените коридори кои сега ги најавува Шилегов ќе се направат сообраќаен хаос во градот Скопје.
Најголем проблем, според партијата, е претоварањето на патниците кои ќе одат на дестинации кои не се опфатени со линијата на БРТ, бидејќи на линијата по коловозните ленти по кои ќе се движи БРТ нема да можат да се движат други автобуси.
Според ВМРО-ДПМНЕ, дополнително неуко е зголемено растојанието на автобуските станици и превозот се организира како Скопје да е полунаселен град.
„Со вака поставен систем се создава проблем и при излегувањето и влегување на патниците во автобусите на БРТ. Имено кога ќе излегуваат од автобуската станица мора да има натпатници, за да можат да поминат на пешачка зона. Системот за сообраќање на БРТ автобусите е неефикасен затоа што автобусите ќе се движат на секои 3 минути со што во голем дел од временските интервали по шпиците ќе бидат празни и ќе оперираат со мал број луѓе“, се додава во партиското соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека овој проект е многу скап за Град Скопје. Велат дека системот е неосмислен и набрзина изведен без да се земат предвид сите други фактори кои влијаат во сообраќајното уредување на градот.
Опозицијата му порача на Шилегов овој проект да не го почнува на крајот на мандатот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

