Македонија
„Сите градоначалници се мои другари, но анкетите ќе покажат кој ќе биде кандидат“- Заев за идниот градоначалник на Ѓорче
„Јас не можам да мислам, анкетата е математичка операција“, вака актуелниот градоначалник Александар Наумовски одговори на прашањето дали има поддршка од граѓаните на Ѓорче Петров за нов мандат.
Неговиот одговор доаѓа откако претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека во тек се низа анкети кои ќе бидат клучни за одредување на градоначалници низ целата држава. Заев кажа дека Наумовски, како и другите градоначалници му се другари, но приоритет е победата.
„Градоначалникот Наумовски и сите градоначалници и градоначалнички се мои другари. Ние сме социјалдемократи, солидарноста и другарството се важни. Но, прв приоритет е победата. Така победуваат граѓаните. Мораме да направиме анализа. Нашите градоначалници се наши фаворити, бидејќи сами реализираат многу проекти, исто како и со поддршка на граѓаните. Сето ова што е сменет лик на општините и државата е главна причина да даваме поддршка. Но, тоа сме само ние дел од општествениот амбиент“, рече Заев.
Градоначалникот Наумовски е сигурен само дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поразена во Ѓорче Петров на следните избори во октомври.
„Јас не можам да мислам. Анкетата е математичка операција. Ако се сеќавате, јас бев кандидат и во 2013, кога беше време невреме, и знаете каков беше резултатот, неправилностите беа очигледни. Во 2017 година тоа беше направено со анализи, не само на членството туку и на граѓаните. И дај боже да има повеќе кандидати, да се споиме и да ја поразиме ВМРО-ДПМНЕ, а во тоа сум сигурен“, рече Наумовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

