Македонија
Скандалозна изјава на Османи: следната мисија на ДУИ била Албанец претседател на Македонија
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во изјава за медиумите рече дека изборот на Џафери за технички премиер е историски оти за првпат се скршени етничките табуа и монополи, каде ниту една етничка група не е пофаворизирана од друга.
Според Османи, во наредните години ќе го имаме и првиот претседател Албанец.
„Одлуката за избор на Талат Џафери за албански премиер беше едногласна, освен еден член кој предложи првиот премиер да биде женски. Она што е историско е рушењето на етничките монополи. Кога Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, се направи вистински пуч. Но, кога беше избран по втор пат, тоа веќе не беше новост бидејќи беше скршен монополот на Албанец да биде претседател на Собранието. Идејата е да се разбијат етничките монополи. Вториот премиер повеќе нема да биде тема. Вториот монопол е на претседателот на државата, но тоа е следната мисија на ДУИ“, вели Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Советот на јавни обвинители, исто како и Судскиот совет, изврши класичен упад во Академијата за судии и јавни обвинители, вели Лефков
Советот на јавни обвинители, исто како и Судскиот совет, изврши класичен упад во Академијата за судии и јавни обвинители, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Советот на јавни обвинители, наместо за член на УО на Академијата да назначи јавен обвинител, тој назначил свој член, директно кршејќи го чл. 44 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси со кој се забранува избрано или именувано лице да биде во орган на управување во државен орган или лице кое располага со државен капитал. Советот на јавни обвинители за член на УО на Академијата ја назначил Душица Димитриеска, која е претседател на Советот на јавни обвинители.
Советот на јавни обвинители, не смеел да ја назначи својата претседателка за член на УО на Академијата за судии и обвинители.
Душица Димитриеска, покрај тоа што е претседател на Советот на обвинители е и во тесна врска со СДС. Имено нејзината ќерка Ема Нешкоска е член на Советот на општина Гостивар од редови на СДС, а беше и кандидат за пратеник од редовите на истата на последните парламентарни избори.
Советот на јавни обвинители исто како и Судскиот совет продолжуваат да работат на уривање на правосудството и имиџот, односно угледот на истото кај граѓаните.
Го повикуваме Советот на јавни обвинители да го отповика својот предлог за УО на Академијата. Во спротивно колективно го крши законот, за што треба да има одговорност“, изјави Лефков.
Македонија
Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е почнато доделувањето ваучери за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди, наменети за домаќинствата кои ги исполнуваат критериумите на јавниот повик, објавен на веб-страницата на Министерството за економија на 1 февруари 2024. Согласно Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2024 година, се доделуваат над 6000 ваучери за инвертер клима-уреди.
-Списоците на избрани корисници, како и списоците на правни субјекти со кои Министерството има склучено договор за реализација на ваучерите, се објавени на веб-страницата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини https://www.ea.gov.mk/. Овие информации се јавни и достапни за сите заинтересирани. Со цел појаснување на процесот, важно е да се напомене дека конкурсот и изборот на корисниците беа управувани од Министерството за економија, кое беше надлежно и за евалуација и за конечниот избор на граѓаните кои ги исполнуваат условите, како и избор на правните субјекти каде граѓаните ќе можат да ги искористат овие ваучери. По направениот избор, Министерството за енергетика ја презеде обврската за организирање и спроведување на доделувањето на ваучерите. Овој обемен процес е успешно координиран од тимот на Министерството, обезбедувајќи навремено доделување на ваучерите пред почетокот на зимската сезона, информира Министерството за енергетика.
По објавата на списоците, како што посочува, почнале со дистрибуција на ваучерите до општините. Тие ќе може да се подигнат во специјални регионални канцеларии кои се отворени само за оваа намена. Точната локација и работното време на канцелариите ќе биде дополнително објавено на веб-страницата на Министерството.
-Граѓаните можат да ги искористат ваучерите за набавка на инвертер клима-уреди најдоцна до 30 ноември 2024. По овој датум, неискористените ваучери ќе се сметаат за неважечки. Согласно Јавниот оглас за финансиска поддршка преку доделување потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди за ранливи потрошувачи за 2024 година, предвидени се ваучери од 27.000 денари за лица со ниски примања (приходи до 21.000 денари за самец, 30.000 денари за домаќинство со два члена, и 35.000 денари за домаќинство со три члена). За домаќинства со четири члена, предвиден е ваучер од 30.000 денари, а за домаќинства со пет или повеќе члена – 45.000 денари. Дополнително, за неранливи потрошувачи од Пелагонискиот и Југозападниот регион предвидени се ваучери од 25.000 денари, а за останатите региони – по 23.000 денари, наведува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Македонија
Во знак на длабока жалост зградата на општина Струмица светна во боите на српското знаме
Во знак на длабока жалост, солидарност и поддршка синоќа општинската зграда ја светнавме во боите на српското знаме, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Во објавата на неговиот фејсбук профил се наведува дека Струмица и струмичани сочувствуваат со неизмерната болка и тага на семејствата на загинатите и повредените во големата трагедија во Нови Сад.
– Ваква трагедија никогаш да не се повтори. Во овие тешки мигови, нашите мисли се со семејствата на настраданите, кои загубија свои блиски и се соочуваат со незамислива загуба. Им изразувам најискрено сочувство и поддршка, надевајќи се дека ќе најдат сила за да ја пребродат оваа трагедија, напиша Костадинов.