Македонија
(Видео) „Скајп“, МСН и имејл-комуникациите на обвинетите меѓу доказите за „Монструм“

Како што изјави Катерина Јовановска, началник на одделението за дигитална форензика во МВР, по наредба од судот на 1 мај 2012 година примената е посебна истражна мерка увид и пребарување во компјутерските системи на повеќе од 20 лица, меѓу кои и обвинетите во случајот – Хаки Азири, Агим Исмаиловиќ, Сејди Рами и Фејзи Азири.
Со оваа мерка вештаците од МВР требало да ја утврдат интернет-комуникацијата на овие лица поврзана со петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.
На денешното рочиште за „Монструм“ вештаците не кажаа со кого и во кој период разговарале обвинетите појаснувајќи дека тие не се надлежни за детаљна анализа на содржината на пораките. Судијата Огнен Ставрев истакна дека судот ги поседува комуникациите и дека, најверојатно, ќе бидат презентирани во некои од наредните рочишта.
„Содржините не се во надлежност на овие вешти лица, туку на друга дополнителна обработка, која ќе биде презентирана и искористена во судот. Постојат цедиња за тоа, посебна програма и упатство за гледање и проверување, што значи дека она што најмногу нè интересира сите нас дополнително sе содржината, времето и комуникацијата која била помеѓу конкретни лица#, изјави адвокатката на оштетените Дафинка Ивановска.
Наредното рочиште е закажано за 10 декември кога свој исказ ќе дадат вештаците од судската медицина заедно со вештаците за балистика од МВР кога ќе бидат образложени повредите што им биле нанесени на петтемина убиени кај Смилковското Езеро.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Заев: Силјановска е надвор од концептот едно општество за сите

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ,Гордана Силјановска е надвор од секој можен концепт на актуелната власт и не е прифатливо решение за нас, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети на која разговараа за консензуален кандидат за претседател. Според него, опозицискиот кандидат воопшто не е профил за консензуален претседател и е спротивност на концептот едно општество за сите.
Таа во ниту еден сегмент не даде поддршка на тоа што цел свет го поддржува и огромното мнозинство на граѓаните. Македонија направи голем чекор напред, отидовме во исполнување на нашите децениски аспирации. Ние денеска сме земја каде што секоја недела се ратификува протоколот за НАТО, ние сме земја која што е преговарач со ЕУ”, таа е надвор од секој концепт на живот, надеж и живеење на огормно мнозинство од граѓаните“, изјави Заев.
Премиерот не сакаше да открива можни имиња за кои разговарале со Ахмети, но рече дека до крајот на неделата ќе биде познато дали е прифатлив консензуален кандидат, откако ќе се направат внатрепартиски консултации.
За можно неисполнување на цензусот Заев остава на одговорноста на граѓаните. Вели дека во анкетите 78 отсто велат дека ќе излезат во двата круга, но тој сепак смета дека зависи од тоа колку партиите ќе ги мотивираат гласачите во предизборната кампања.
По средбата со Ахмети, Заев најави средби и со Мендух Тачи, Африм Гаши, Биљал Касами и Зијадин Села.
Македонија
Вонреден технички преглед се прави на сите 40 автобуси на „Дурмо турс“

Вонреден технички преглед се прави на сите автобуси на компанијата „Дурмо турс“ , дознава „Макфакс“. Вонредната проверка на исправноста на автобусите следи откако беше утврдено дека „Дурмо турс“ сам себе си вршел технички преглед, односно автобусите ги регистрирал во станицата за технички преглед чиј сопственик е Дурмиш Белули, кој е сопственик и на „Дурмо турс“.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека поради истрагата на обвинителството за причините за несреќата, не можат да даваат информации поврзани со „Дурмо турс“, но уверуваат дека прават редовни контроли на сите станици за технички преглед.
Министерството за транспорт и врски веќе информираше дека оваа компанија има лиценцирано вкупно 40 автобуси, а освен меѓуопштинската линија Скопје – Гостивар, има и 18 линии за меѓународен превоз на кои возат 36 сертифицирани возачи.
Обвинителството денес соопшти дека поради координација и поголема динамика во постапувањето на сите надлежни институции при утврдувањето на причините на автобуската несреќа што се случи на автопатот Скопје – Тетово, кај селото Ласкарци, во скопското обвинителство се одржал работен состанок на претставници од обвинителството, Министерството за внатрешни работи, Бирото за судски вештачења, Машинскиот факултет во Скопје и на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија.
Обвинителството извести дека почнало испитувањето на очевидците на настанот, а до крајот на неделава очекуваат исказ да даде и возачот на автобусот. До Институтот за судска медицина биле доставени наредби за обезбедување на обдукциите на сите починати лица во несреќата, од здравствените установи била побарана медицинската документација за повредени, од мобилните оператори побарани се листинзи за разговорите на возачот, наредено е вештачење на телефонот, а до Машинскиот факултет била доставена наредба за вештачење на техничката исправност на автобусот.
Демократскиот сојуз вчера јавно побара да се направи вонреден технички преглед не само на сите автобуси на „Дурмо турс“ туку и на сите компании кои вршат превоз на патници, како и на сите станици за технички преглед на возилата.
Од Министерството за транспорт и врски велат дека во Македонија има вкупно 4.176 лиценцирани возила за превоз на патници.
Македонија
Ахмети: Не е добро Заев да биде претседателски кандидат

Лидерoт на ДУИ, Али Ахмети, по денешната прва консултативна средба со премиерот Зоран Заев не сакаше да открие кои се кандидатите за претседател коишто се прифатливи за партијата и кои би можеле да ги поддржат на претстојните прeтседателски избори во април. Тој рече дека по размената на мислењата со Заев, сега дебатата се сели во партиските органи кои во наредниот период ќе го донесат конечниот избор. Ахмети не открива дали министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ја има поддршката на ДУИ, а не смета ниту дека е добро решение премиерот Заев да се кандидира за претседател на државата.
Ахмети повтори дека тој лично нема намера да се кандидира за претседател.
„Одлучивме за прашањата за кои денеска разговаравме да ги ставиме на дебата во органите на партијата. Партиите ќе бидат тие коишто ќе ја преземат конечната одлука, и остана за во иднина за дополнителни консултации и информации меѓусебно да разговараат организациските секретари на двете партии. Значајно е да се почитува волјата на мнозинството на граѓаните на оваа држава. Сепак, одлуката што ќе се донесе треба да биде правилна и од полза”, рече Ахмети.
Прашан дали ќе инсистира кандидатот за претседател да биде од ДУИ, Ахмети вели дека консултациите ќе продолжат и за доброто на земјата е тој кандидат којшто ќе ја има поддршката од страните, да ја има и поддршката на граѓаните.
Ахмети вели дека на денешната средба не разговарале за имиња и останува во иднина за деталите да се разговараме. „Не мислам дека треба да дадам мислење како претседател на партија, без да имам детална анализа за процесот да биде успешен”, рече Ахмети прашан дали Никола Димитров е прифатлив како консензуален кандидат.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал