Контакт

Македонија

Скопската Зоолошка градина го претстави „Заливот на пингвините“

Објавено пред

Во скопската Зоолошка градина денеска беше претставено новото живеалиште на пингвините, које е наречено „Залив на пингвините“.

„Со пуштањето во употреба на пингвинариумот на едно место ги имаме двата најегзотични и најпопуларни видови на птици – фламинга и пингвини кои за првпат се жители на нашата Зоолошка градина. Пингвинариумот е составен од внатрешен дел со затворен базен, надворешен базен од 180м2, подземен дел со филтри и пуми за вода, како и тераса од 120м2. Направен е и мал зелен кров за да се заштеди на електрична енергија. Граден е по светски стандарди и со идеални услови за овие јужноамерикански пингвини кои најлесно се адаптираат на нашата клима“, рече градоначалникот Петре Шилегов кој се обрати на настанот.

Тој додаде дека градот ја финансирал изградбата на двете живеалишта за фламинга и пингвини кои заедно чинат околу 17,7 милиони денари.

Исто така, Шилегов посочи дека Скопје и ЗОО во континуитет работат и на едукација на посетителите, но и на облагородување на просторот со нови атрактивни содржини кои привлекуваат се поголем број посетители.

Македонија

Царовска се сретна со директорите на битолските училишта: Будно ја следиме состојбата со ковид во училиштата

Објавено пред

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска се сретна со директорите на основните и средните училишта во Битола. На состанокот разговараа за текот на наставата со физичко присуство во услови на пандемија, за реформите во основното образование и за процесот на унапредување на средното стручно образование.

„ Пред нас е учебна година која на најголема радост на учениците ја започнавме со физичко присуство, но и година во која имплементираме целосно нови наставни програми во прво и четврто одделение. Досега целиот овој процес тече според предвидениот план и динамика за што сте заслужни вие директорите и локалните самоуправи кои посветено работевте навреме да ги подготвите училиштата и да ги обезбедите потребните услови со цел да имаме успешна учебна година. Би сакала да се заблагодарам и на наставниците кои ги поминаа потребните обуки и веќе се прилагодуваат на новиот концепт. Исто така, сите заеднички продолжуваме будно да ја следиме состојбата со Ковид во училиштата, која засега е стабилна и верувам дека со доследно почитување на мерките, училиштата ќе останат безбедни и што подолго отворени за учениците”, рече Царовска.

Директорите на состанокот рекоа дека сите предизвици ги решаваат брзо и одговорно, бидејќи нивен приоритет е учениците и наставниците да имаат соодветни услови и ресурси за непречена настава. Тие истакнаа дека планот и протоколите се почитуваат доследно и дека процентот на заразени ученици и наставници во битолските училишта е мал.

Според последниот извештај на Комисијата за заразни болести, состојбата со Ковид 19 во училиштата во државата е стабилна, се следи на дневно ниво и, според проценките на Главниот координативен кризен штаб, засега нема потреба од промена на моделот за начинот на одвивање на наставата, бидејќи нема интерна трансмисија на вирусот во училиштата.

На состанокот се констатираше и дека образовниот систем е подготвен и за останатите резервни сценарија, доколку се појави потреба од нивна примена. Директорите на основните и на средните училиштата потврдија дека ги имаат сите потребни ресурси за брзо преминување кон онлајн учење, ако има некаква одлука за истото.

Според последните податоци на Министерството за образование и наука добиени од училиштата, на дневно основа бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 % од вкупно 240 илјади ученици, што е исклучително низок процент. Исто така, вакциниран е над 72% од наставниот кадар, што е речиси двојно повеќе од националниот просек.

Прикажи повеќе...

Македонија

Целосно вакцинирани се над 700 илјади граѓани

Објавено пред

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 778.408 граѓани, информираат од Министерството за здравствo.

Прва доза вакцина вчера примиле 1.624 граѓани, а во текот на вчерашниот ден вкупно се вакцинирале 7.518 граѓани.
Во државата вкупно се аплицирани 1.482.287 дози вакцини, а ревакцинирани се 703.878 граѓани.

Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18, a до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктови низ државата. Децата од 12 до 18 -годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител, потсетуваат од ресорното министерство.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев на состанок со амбасадорите од ЕУ: Земјата се движи во вистинска насока

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев синоќа, доцна попладне, во просториите на Владата беше домаќин на редовниот годишен состанок на амбасадорите од земјите членки на ЕУ во државава, на која биле разменети мислења за актуелните активности, со посебен акцент на процесот за интеграција на земјата во Европската Унија.

Како што информираат од владината прес-служба, премиерот истакнал дека очекува до крајот на словенечкото претседателство да се постигне напредок во евроинтеграцијата на државата.

„Северна Македонија ги заврши своите домашни задачи и е целосно подготвена да ги почне преговорите со ЕУ“, нагласил Заев.

На состанокот со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, кои биле предводени од шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир, се разговарало и за континуитетот во реформските процеси, во делот на правосудството, борбата против корупцијата, како и реформите во јавната администрација.

Дополнително се разговарало и за пописот како клучна статистичка операција.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Македонија3 часа

Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на ОН

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите...

Свет13 часа

Рендгенски снимки покажуваат како вакцината ги штити белите дробови од Ковид-19

Во целиот свет, бранот на делта варијантата доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Истата ситуација беше забележана...

Македонија15 часа

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија17 часа

16 починати и 491 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира во последните 24 часа направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нов случај на Ковид-19,...

Македонија18 часа

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија21 час

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија22 часа

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија22 часа

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија22 часа

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион23 часа

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Македонија23 часа

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија...

Регион24 часа

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија1 ден

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 12.099 граѓани, од нив 2.969 примиле прва доза

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Свет1 ден

Талибанците бараат да се обратат на Генералното собрание на ОН

Талибанците побараа да им се обратат на светските лидери пред Обединетите нации, a за таа пригода го назначија својот портпарол...

Свет1 ден

(Видео) Еден од најсилните земјотреси досега ја погоди Австралија

Земјотрес со јачина од 6 степени, еден од најсилните што е забележан во Австралија, го погоди југоистокот од оваа земја....

Македонија2 дена

Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на...

Македонија2 дена

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што...

Свет2 дена

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем...

Досие