Македонија
Скопје и Софија да ги решат билатралните прашања во духот на добрата волја, порачаа паневропските унии
Паневропската унија на Македонија и Пан-Европа Бугарија ги повикаа владите на Бугарија и Македонија да продолжат со комуникацијата во духот на добрата волја.
Оттука, ја поздравуваат и определбата, демонстрирана од Македонија, да ѝ испорача на агендата за реформи за членство во ЕУ, со исполнување на условите за отворање на пристапните преговори. Сметаат дека разните ставови за историјата на двете земји не треба да бидат пречка за нивната заедничка европска иднина.
„Ги повикуваме владите и институциите на Бугарија и Македонија да продолжат со комуникацијата во духот на добрата волја и да ги надминат сите препреки што може да го попречат напредокот на Македонија кон нашата заедничка европска иднина“, се вели во соопштението.
Според нив, двостраните добрососедски односи меѓу Бугарија и Македонија треба да се градат врз основа на меѓусебна доверба, почит, економски развој, културна размена и разбирање едни за други, но исто така и на неоспорното право на самоопределување, како и принципите и вредностите на ЕУ.
„Ние целосно ги поддржуваме активните мерки приближувајќи ги македонската и бугарската нација, избегнувајќи ја негативната реторика што се користеше во изминатите децении, која, за жал, носеше поделби во нашите односи“, се наведува во соопштението.
Во продолжение потсетуваат на инструменталната улога на Бугарија како претседавач на Советот на ЕУ во 2018 година за враќање на проширувањето на Западен Балкан на европската агенда.
„Убедени сме дека со прогресивниот напредок на евроинтегративниот процес на Македонија со поддршка и менторство од страна на Бугарија, врските меѓу двете нации ќе станат уште посилни, а тоа ќе донесе засилено чувство за европскиот дух на меѓусебно разбирање и соработка во односите меѓу двете земји“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

