Македонија
Славески до приватните превозници: За промени на договорите, треба предлог од градоначалник на Град Скопје
Приватните превозници и натаму протестираат, и бараат наоѓање на решение за нивните барања до Град Скопје. Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески им одговори на нивните барања, и кажаа дека разговори може да бидат иницирани само од градоначалничката Данела Арсовска.
„Во врска со вашето Барање испратено до Совет на Град Скопје на 5. Ноември оваа година, со цел, како што наведувате „да се најде решение со кое ќе се подобри состојбата во јавниот градски превоз“, ве известуваме за следново:
1. Факт е дека вие имате важечки договори за вршење дејност, склучени со Град Скопје во Мај 2022 година, откако сте биле избрани за вршители на дејност според определена процедура која ја спроведе Град Скопје.
2. Договорите се склучени на две години, што значи дека истекуваат во мај наредната 2025 година.
3. Во процедурата за учество на јавниот повик и самото склучување договор со Град Скопје сте ги знаеле и сте ги прифатиле понудените услови, права и обврски, вклучително и тарифата за изминат километар, на што треба да се придржувате сé до истекот на важноста на договорите за вршење дејност во областа на јавниот Градски превоз на територијата на Град Скопје.
4. Од сето претходно наведено може да се заклучи дека Совет на Град Скопје немал и нема надлежност околу условите и вашите превземени обврски со договорите склучени со Град Скопје. Не е надлежност на Совет на Град Скопје ниту следење на извршување на меѓусебно превземените обврски меѓу Градот и приватните превозници.
5. За да расправа Совет на Град Скопје околу прашања од негова надлежност, а се поврзани со договорни обврски меѓу Градот и вас како привани субјекти, треба да има предлог од Градоначалник на Град Скопје.
6. На крај, ве уверувам дека сите координатори на советничките групи застапени во Советот се запознати со состојбите и со вашите барања и се едногласни дека оној момент кога ќе добијат конкретен предлог од Градоначалник за промена на условите во договорите склучени меѓу Градот и приватните превозници, предлогот ќе го стават на разгледување на првата наредна седница на Совет на Град Скопје.“, стои во известувањето од Славески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

