Контакт

Македонија

Службените трошења ќе ги објават и функционери од пониските ешалони

Објавено пред

Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои информацијата за тоа на официјалните веб-страници да се објавуваат службените трошења на директорите и замениците на директорите на јавните претпријатија, самостојните органи на државната управа, правните лица со јавни овластувања, акционерските друштва во државна сопственост и органите во состав на Министерствата.

Најдоцна до 20 јуни годинава се задолжуваат директорите и замениците на директорите на самостојните органи на државната управа, на органите во состав на Министерствата и на Инспекцискиот совет, на своите веб-страници да ги објават податоците за нивите службени трошоци за периодот од 1 декември 2014 до 31 мај 2015 година и за периодот од 1 декември 2017 до 31 мај годинава.

Истото им се укажува да го сторат и на директорите и замениците на директорите на јавните претпријатија, правните лица со јавни овластувања и акционерски друштва во државна сопственост.

Обврската за објава на службените трошења на долг рок ќе обезбеди ефикасност во работењето на институциите, како и зголемена одговорност на власта која работи транспарентно и отчетно без злоупотреба на државните ресурси, сметаат од Владата.

Македонија

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени со коронавирус

Објавено пред

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави за гласање и од 3.138 болни и немоќни лица.

Оваа состојба е заклучно со вчерашниот ден, а пријавувањето е отворено до вечерва на полноќ. Тие ќе можат да гласаат дома, а за нив ќе бодат формирани посебни тимови во кои ќе има и здравствени работници.

Од Државната изборна комисија известија дека од вкупно 300 здравствени работници кои треба да бидат вклучени во изборниот процес, добиле 100 барања за изземање од различни причини. Барањата се прифатени на 80 здравствени работници.

„Имаме мал проблем околу изборот на здравствените работници. Од веќе избраните, 80 донесоа медицинска или друга документација со која потврдуваат дека не можат да учествуваат во изборниот процес. Сега пак ќе ги менуваме, ќе избереме нови по случаен избор“, велат од ДИК.

Изземените здравствени работници донеле документација за хронични болести, дел биле пензионери, а меѓу избраните имало и такви кои не можат да се најдат на пријавените адреси. ДИК работи на собирање податоци за потполнување на тимовите.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски во Гевгелија: СДСМ даде лажни ветувања во 2016 година, затоа ќе бидат поразени на 15 јули

Објавено пред

„Денеска сме овде во Гевгелија. Денеска е ден каде што ќе ги посетиме не само Гевгелија, туку и Дојран, Богданци, Валандово. Ќе разговараме со граѓаните во овие градови, ќе разговараме и со стопанствениците, со луѓето кои што го живеат ова секојдневие во Македонија. Сакаме практично да ја презентираме нашата програма, сите оние проекти кои се наменети за овој крај, но и наменети генерално за целата држава во следниот 4 годишен мандат на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Цениме дека ништо не е направено за овој крај изминативе повеќе од 3 години, цениме дека овој крај е исто така жртва на погрешните политики на ова раководство на СДСМ предводено до Зоран Заев. Од ветувањата кои што беа давани во минатото апсолутно ништо не се испорача. Тука пред се мислам на ветувањата дадени за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, а потоа и на локалните во 2017 година.Овој народ заслужува повеќе и ние цениме дека дојде времето кога овие политички измамници ќе бидат поразени со една голема и убедлива победа на коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 87, Куманово – 7, Дебар – 2, Штип – 10, Прилеп – 3, Тетово – 16, Струга – 8, Охрид – 1, Кавадарци – 1, Демир Хисар – 1, Гостивар – 8, Струмица – 1, Кратово – 1, Свети Николе – 9, Кичево – 3, Ресен – 5.

Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени лица, и тоа од: Скопје – 126, Куманово – 31, Штип – 11, Прилеп – 1, Тетово – 45, Велес – 7, Кавадарци – 1, Гостивар – 1, Кочани – 1, Свети Николе – 2, Ресен – 2, Неготино – 2.

Починати се 8 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 59 години. На Клиниката за токсикологија почината е пациентка на 79 години кај која присуството на вирусот е потврдено постмортем.

Во ГОБ „8 Септември“ починати се четворица пациенти на возраст од 58, 61,62 и од 66 години. Во Општата болница Тетово почина пациент на 53 години. Во „Филип Втори“ („Жан Митрев“) починат е пациент од Дебар на 52 години.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.406, бројката на оздравени пациенти е 3.554, на починати – 359, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.493. Еден од вчерашните тестови е контролен, а во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје – 3.573, активни 1.895
• Куманово – 813, активни 174
• Дебар – 118, активни 65
• Штип – 404, активни 159
• Прилеп 286, активни 55
• Тетово – 805, активни 343
• Струга – 282, активни 181
• Велес – 198, активни 37
• Битола – 63, активни 22
• Охрид – 210, активни 181
• Кавадарци – 22, активни 15
• Гостивар – 180, активни 109
• Гевгелија – 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица – 18, активни 10
• Крива Паланка – 17, активни 11
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 7, активни 3
• Кочани – 75, активни 17
• Пробиштип – 28, активни 17
• Демир Хисар – 3, активни 2
• Македонски Брод – 6, активни 4
• Пехчево – 6, активни 2
• Берово – 3, активни 0
• Валандово – 6, активни 2
• Виница – 4, активен 1
• Делчево – 1, активни 0
• Кратово – 6, активни 3
• Свети Николе – 56, активни 49
• Кичево – 52, активни 43
• Ресен – 127, активни 87
• Неготино – 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.794 теста се преку: ИЈЗ – 1.002, „Авицена“ – 102, „Биотек“ – 155, МАНУ – 123, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 209, Судска медицина – 14, „Систина“ со PCR-метода – 148, ЦЈЗ Битола – 41. Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно хоспитализирани се 89 пациенти. На кислородна поддршка се 57 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 23 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 1 дете позитивно и 1 суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 97 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 45, а во болницата во Штип – 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и во Гостивар хоспитализирани се 106 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 348
• Аеродром – 152
• Бутел – 155
• Гази Баба – 194
• Центар – 142
• Карпош – 149
• Сарај – 129
• Кисела Вода – 113
• Ѓорче Петров – 108
• Студеничани – 107
• Шуто Оризари – 84
• Арачиново – 45
• Илинден – 29
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 17
• Сопиште – 8
• Зелениково – 9
• Странец – 1
• Нераспределен – 89

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 минути

(Видео) Вучиќ ги осуди протестите: Сведоци сме на брутално политичко насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги осуди синоќешните протести организирани пред Националното собрание, оценувајќи ги како „акт на политичко насилство“....

Македонија6 минути

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени со коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија26 минути

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија3 часа

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион3 часа

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион4 часа

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион4 часа

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија5 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет6 часа

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет6 часа

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет6 часа

Во САД над 3 милиони заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, сè повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија7 часа

Задолжителен тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и на Црна Гора при влез во земјата, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок, на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Регион7 часа

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите што од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија, Александар...

Свет18 часа

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион21 час

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија22 часа

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Регион1 ден

Грчки медиуми: Повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите...

Македонија1 ден

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија1 ден

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Досие